Оформени предмети во втората половина на јануари 2025 година

Во втората половина на јануари 2025 година Уставниот суд оформи 11 предмети во кои е оспорена уставноста на прописи и акти, шест предмети во кои е оспорена уставноста и законитоста на подзаконски акти. 

1.У.бр.2/2025

Оспорен акт: Автентично толкување на член 39 став 3 од Законот за надворешни работи Автентично толкување на член 45 став 4 од Законот за надворешни работи 

Подносител на иницијативата: Сали Мурати, пратеник

Од наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека со оспорените автентични толкувања е повредено начелото на владеењето на правото бидејќи според него, тие наместо да ја појаснуваат постоечката законска одредба создаваат нови правни норми.Тој како  пример го наведува  автентичното толкување на член 39 став 3 и тврди дека со него се воведува нов услов за именување на амбасадори. Понатаму во иницијативата е наведено дека со оспорените автентични толкувања се прави повреда на наченото на поделба на власта, односно дека се во спротивност со член 8 став 1 алинеја 4 од Уставот. Имено, според подносителот, Собранието навлегло во надлежностите на извршната власт во делот на именување и отповикување на амбасадори. 

2. У.бр.3/2025

Оспорен акт: Член 40 став 6 oд Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија 

Подносител на иницијативата: Мултиетнички синдикат Скопје

Од наводите во иницијативата:

Се наведува дека оспорената одредба е дискриминирачка бидејќи професионалните војници на кои им е исплатена испратнина согласно ставот 1 алинеја 2 на овој член доколку повторно засноваат работен однос во Министерството за одбрана, орагните на државната и локалната власти други државни органи се должни износот на исплатената испратнина да го вратат во полн износ во буџетот на Министерството за одбрана во рок од еден месец по засновањето на работниот однос. Подносителот тврди дека со оспорените одредби се прекршуваат правата од член 32 од Уставот на Република Северна Македонија според кој секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при вработувањето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност, секому под еднакви услови му е достапно секое работно место и секој вработен има право на соодветна заработувачка.      

3. У.бр.4/2025

Оспорен акт: Делот „без јавен оглас, на определено време, најмногу до три месеци” содржан во став 4 на член 9 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр.161 од 05.08.2019 година. 

Подносител на иницијативата: Манчо Манчев

Содржина на член 9 со оспорениот дел:

Лицата од став 1 на член 9 кои се вработуваат на постојано работно место испразнето по основ на пензионирање, боледување, отказ, смрт, преземање или друго, а за кое работно место биле обезбедени финансиски средства, можат да засноваат работен однос и без јавен оглас на определено време, најмногу до три месеци по претходна согласност од градоначалникот за општинските основни училишта, односно министерот за државните основни училишта.  

Од наводите во иницијативата:

Подносителот тврди дека е повреден уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите од член 9 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Се наведува дека со оспорената одредба се овозможува вработување на лице на арбитрарен начин поради немање на оглас кој ќе ги содржи условите за вработување на кои би се јавиле заинтересираните кандидати и тоа доведува до правна несигурност. 

4. У.бр.5/2025

Оспорен акт: Делот „правосилни” од членот 9 и ставовите: 

Став 1 трет пасус во делот „на правосилноста”;

Став 2 „на правосилноста”;

Став 3 „за правосилни”;

Став 4 „без образложение”.

Подносител на иницијативата: Александра Илиева-Милчова

Од наводите во иницијативата: 

5. У.бр.6/2025

Оспорен акт: Член 67 став 4 од Законот за шуми

Подносител на иницијативата: Владо Мицковски

Содржина на оспорената одредба:

Одобрение за сеча во приватна шума која е во сопственост на повеќе сопственици може да се издаде само на основа на заедничко барање на сите сопственици

Од наводите во иницијативата:

Подносителот тврди дека е повредено владеењето на правото со оспорената одредба бидејќи му дава поголемо право врз стварта на малцинскиот сопственик со негово ставаење на потпис на барањето за сеча во приватна шума, наспроти правото на мнозинскиот сопственик. 

6. У.бр.7/2025

Оспорен акт: Измени на Законот за јавните претпријатија и Законот за трговските друштва 

Подносител на иницијативата: Марија Аргировска

Од наводите во иницијативата:

Подносителката преку прецизирање на иницијативата ја спори и материјална и формалната страна на законот. Наведува дека содржината на донесените измени е во спротивност со членот 58 од Уставот и дополнува дека за избор на членовите во органите на правните лица во државна сопственост е потребна стручност и компетентност кои според подносителот се третираат како непотребни. Се оспорува и скратената постапка по која се донесени измените. 

7. У.бр.8/2025

Оспорен акт: Делот „членот 38 став 3” од член 39 став 3 од Законот за градежни производи

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Подносителот тврди дека оспорениот дел упатува на примена на одредба која не е дел од правниот промет во Република Северна Македонија, сметано од 06.07.2018 година.

8. У.бр.9/2025

Оспорен акт: Делот „Законот за државните службеници” од член 167 став 3 од Законот за заштита на културното наследство

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот тврди дека оспорениот дел упатува на примена на одредба која не е дел од правниот промет во Република Северна Македонија.

9. У.бр.10/2025

Оспорен акт: Деловите „и стручно лице- тренер” и „други податоци што се значајни за остварениот резултат”

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот тврди дека напишаната одредба доведува до правна несигурност бидејќи според него не е прецизно определено дали станува збор за остварен рекорд во национални натпревари или треба да стане збор за остварен рекорд во меѓународни натпревари. Се наведува дека не се определува ниту од целината на Законот за спортот и може да доведе до пречка одредено лице-спортист или учесник во спорт односно спортски натпревар од одредена категорија на спорт и од кои едниот во меѓународен натпревар да не се стекне со називот „категоризиран спортист”, додека во друг национален натпревар да го стекне називот „категоризиран спортист”.Според подносителот се остава можност арбитрерно да се определува кој може а кој не може да го стекне називот „категоризиран спортист” во една и иста категорија во меѓународен и национален натпревар.

10. У.бр.11/2025

Оспорен акт: 

  • делот „Законот за игри на среќа” од член 23-а став 1 од Законот за спортот
  • „Критериумите” од член 23-а став 5 од Законот за спортот

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот тврди дека оспорените одредби упатуваат на пропис кој не постои во правниот поредок на Република Северна Македонија и може да доведе до забуна во примената.

11. У.бр.12/2025

Оспорен акт:

Точка 1 од Одлуката за давање согласност за присоединување на Друштвото за производство, трговија и услуги увоз-извоз Боров Дол ДООЕЛ Радовиш кон Друштвото за производство, трговија и услуги БУЧИМ ДООЕЛ Радовиш бр.41-12385/7 од 31.12.2024 година и 

-Делот „следува надоместок” од членот 34 став 5 од Законот за минерални суровини. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека оспорените делови се во спротивност со една од темелните вредности на Уставот- владеењето на правото бидејќи, според него се остава можност на арбитререрн начин да се определува „надоместокот”.