Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободите и правата на:
1. Слободан Трендафилов
2. Иван Пешевски
3. Стојанче Кашиковски
4. Љубиша Каранфиловски
5. Трпе Деаноски
6. Игор Ѓерасов
7. Љупчо Радовски
8. Игор Китаноски
9. Зоран Мироновски
10. Боро Велигденов
11. Васе Депиновски
12. Гоце Селовски
13. Миќо Стојановски
14. Слаѓана Миливојевиќ
15. Борис Куноски
16. Томислав Гиевски
17. Вера Атанасовска
18. Златко Цветковски
Судот утврди дека во меѓувреме е укината пресудата со која подносителите тврдат дека им се повредени слободите и правата, при што се појавуваат правни пречки за постапување на Уставниот суд. Согласно информациите кои ги доби Уставниот суд, подносителите вложиле вонреден правен лек во друга судска постапка, што упатува дека не се исцрпени сите правни средства пред редовните судови. Земајќи ги предвид овие факти, Уставниот суд оцени дека не се исполнети условите мериторно да одлучува, при што се утврди отфрлање на барањето согласно членот 38 алинеја 3 од Актот на Уставниот суд.
Подносителите во барањето наведоа дека се членови на Синдикални организации, кои се членки на Сојузот на синдикатите на Македонија и дека со Пресуда на Врховниот суд им било повредена слободата на здружување заради остварување и заштита на економско – социјалните права и уверувања од член 20 од Уставот, како и дека со пресуда од 09.11.2023 година им е повредено правото на недискриминација од член 9 од Уставот, двете заштитени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.
Повеќе информации за барањето: https://ustavensud.mk/archives/32295