Одговор за медиумите во врска со јавно искажаните коментари за предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците

Судот нема да коментира ничии ставови. Седницата на која ќе се дискутира за Законот за употреба на јазиците е закажана за 11 декември. По завршување на седницата ќе се одржи редовна прес конференција на која ќе биде одговорено на сите ваши прашања.