На 7 ноември Уставниот суд ја одржа 29. седница на која се дискутираше по пет точки од дневниот ред и се одлучи следното:
1. Реферат У.бр.208/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Член 67-а став 1 во делот „Прекршочниот“ од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
2. Реферат У.бр.10.2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.122 од 03.06.2021 година) и
Се отфрла иницијативата по однос на барањето за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната декларација за чевековите права, Повелбата на ООН, член 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи и член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички слободи.
Подносител на иницијативата: Политичка партија ВМРО – ДПМНЕ
Поради голем јавен интерес за овој предмет објавено е посебно соопштение на следниот линк: https://ustavensud.mk/archives/31339
3. Реферат У.бр.105/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 16 став 4 од Законот за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/2019).
Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски
4. Реферат У.бр.129/2024
Оспорен акт: член 2 во делот „федерација“, член 4 став 1 во делот „општествено-политичките заедници“, член 4 став 3 во делоците „самоуправните судови“ и „општествениот правобранител на самоуправувањето“ и член 5 став 2 во делот „југословенските“, од Законот за организацијатата и за единствената методологија на прибирањето, евидентирањето и обработката на податоци и информации за потребите на правосудните органи од интерес за целата земја („Службен лист на СФРЈ“ бр.44/1989).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
*Предметот е повлечен од дневниот ред поради отсуство на судијата-известител.
5. Реферат У.бр.180/2024
Оспорен акт: Член 38-а од Законот за судовите
Подносител на иницијативата: Љупчо Докузов, адвокат од Штип
*Предметот е повлечен од дневниот ред поради отсуство на судијата-известител.
6. Реферат У.бр.117/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место за индустриска зона „Мауцкер“, КО Долно Лакочереј – вон град, Општина Охрид, плански период 2013-2023, со бр.08-2681/14, донесена од Советот на Општина Охрид на 27.02.2015 година („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.2 од 03.03.2015 година).
Подносител на иницијативата: Туристичко Здружение-Асоцијација на Охрид Билјана од Охрид, застапувано од претседател Никола Киселинов-Боздоганов
7. Реферат У.бр.199/2024
Оспорен акт: Член 7 став 2 алинеја 1 од Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија во делот „надоместок”.
Подносител на иницијативата: Македонско здружение на млади правници
Поради утврдување на дополнителни околности Судот одлучи оваа точка да ја одложи за некоја од наредните седници.
Напомена: Ова соопштение содржи информации од одлученото, Судот дополнително ги објавува одлуките и решенијата во целост.