-
УЗ.бр.31/2025
СЕ УТВРДУВА неуставност и незаконитост на Програмата за празници и одбележување на јубилејни настани и значајни датуми во Општина Кичево за 2025 година, бр.08-125/7 од 23.01.2025 година, донесена од Советот на Општина Кичево.
-
У.бр.201/2024
СЕ УКИНУВА Одлуката за утврдување правила во урбанистичкото планирање и спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план, бр.08-7099/17 од 12.06.2024 година, донесена од Советот на Општина Тетово
-
БЗСП.бр.1/2026
СЕ УТВРДУВА повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на Давид Илиески од Скопје и СЕ ЗАДОЛЖУВА Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје да ги достави бараните информации на барателот Давид Илиески согласно со барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.03-2916/1 од 10.10.2025 година, во рок од…
-
У.бр.18/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 67 став 1 алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 6 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност
-
У.бр.167/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти
-
У.бр.175/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на насловот и поднасловот „Агенција за квалитет во високото образование” од глава петта, оддел 3 и член 45 во целина и посебно став 1 во делот „стручен” од Законот за високото образование (*)
-
УЗ.бр.20/2025
СЕ УКИНУВААТ член 114 став 1 точки 4 и 7 од Колективниот договор на Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.36/2024).
-
У.бр.186/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина
-
У.бр.145/2024
СЕ УКИНУВА делот „како извршна исправа,“ од точка 2 став 2 од Заклучокот за утврдување на трошоците за извршување (образец бр.21) од Правилникот за формата на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки, потврдите и другите акти кои ги изготвува извршителот при преземањето на извршните дејствија.
-
У.бр.107/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 64 став 7, член 96 став 2 алинеја 1 и член 97 став 1 од Законот за вработените во Министерството за одбрана и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 120 став 1 од Законот означен во точката 1 од…
-
БЗСП бр.18/2025
СЕ ОТФРЛА барањето на Ордан Крстевски и Светлана Барибина, двајцата од Скопје, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот коишто се однесуваат на забраната на дискриминација во остварување на правото на одбрана пред суд.
-
У.бр.63/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за даночно ослободување со цел реализирање на Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата