
Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.19/2026
Скопје, 17.06.2026 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Гоце Наумовски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 39 алинеја 2 и член 73 алинеја 2 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.115/2024), на седницата одржана на 17 јуни 2026 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 40 став 9 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/2023, 170/2024, 220/2024 и 132/2025).
Образложение
I
Друштвото за производство трговија и услуги ИНТЕР ГУМА ТРЕЈД ДОО Скопје, преку управителот Звонко Трпковски, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот означен во диспозитивот на ова решение.
II
Во текот на постапката, подносителот на иницијативата со поднесок, на 23 јануари 2026 година, го извести Судот дека ја повлекува иницијативата.
Имајќи го предвид фактот дека поднесената иницијатива е повлечена, а Уставниот суд не најде основ да ја води постапката по сопствена иницијатива, исполнети се условите од член 39 алинеја 2 од Актот на Судот за запирање на постапката.
III
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд нa Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски