-
Меѓународна Конференција по повод 40 години од фукнционирањето на Уставниот суд на Република Македонија
Програма: [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2004/06/Programa.pdf”] Говор на Претседателот на Судот : [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2004/06/Pozdraven-govor.pdf” title=”Pozdraven govor”] Листа на учесници: [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2004/06/Lista-na-ucesnici.pdf” title=”Lista na ucesnici”]
-
Учество на тркалезна маса во Сараево
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Лилјана Ингилизова -Ристова и судијата д-р Бајрам Положани од 21 – 22 мај 2004 година во Сараево учествуваат на тркалезна маса: “Транзициските искуства на уставните судови со посебен осврт на заштитата на човековите права”, во организација на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Во работата на оваа тркалезна…
-
Учество на офицерот за врски на Уставниот суд на Република Македонија на трет состанок на Заедничкиот Совет за Уставна Правда на Европската Комисија за Демократија преку Правото
На 9 и 10 март 2004 година во Венеција, Италија, се одржа трет состанок на Заедничкиот Совет на Уставна правда на Европската Комисија за Демократија преку Правото, позната како Венецијанска Комисија на Советот на Европа. Од Уставниот суд на Република Македонија, на оваа средба присуствуваше државниот советник м-р Симеон Петровски, кој е воедно и офицер…
-
Учество на меѓународна конференција во Хаг, Холандија
Во текот на ноември 2003 година, судијата Мирјана Лазарова-Трајковска учествуваше на “Конференцијата за основни права во плуралистичко општество” што се одржа во Хаг, Холандија, во организација на Советот на Европа и Холандија, како актуелен претседавач со Комитетот на Министри во Советот на Европа. На оваа Конференција присуствуваа претставници од повеќе земји и тоа судии, амбасадори,…
-
Студиска посета на судија на Уставниот суд на Северна Ирска
Во текот на октомври 2003 година судијата Мирјана Лазарова-Трајковска учествуваше на семинарот насловен како “Управување со мировни процеси” кој се одржа во Северна Ирска. Во текот на оваа неколкудневна студиска посета беа остварени низа контакти со политичари, судии, претставници на невладини организации, беа остварени контакти со Полицискиот Омбудсман на Северна Ирска, Комитетот за еднаквост, Комисијата…
-
24 состанок на работната Група на експерти за државјанство на Комитетот на Експерти за државјанство
Во текот на февруари 2004 година, судијата Мирјана Лазарова-Трајковска присуствуваше на 24 состанок на работната Група на експерти за државјанство на Комитетот на Експерти за државјанство, што се одржа во Стразбур, во организација на Советот на Европа. Целта на состанокот беше подготовка на протокол на Европската Конвенција за државјанство. Протоколот се однесува на бездржавјанството во…
-
Посета на Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија на Европскиот суд за Човекови Права во Стразбур
По покана на Претседателот на Европскиот суд за човекови права, Г-динот Вилдхабер, Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Г-ѓа Лилјана Ингилизова-Ристова во придружба на државниот советник за меѓународна соработка и информативно-документациони работи м-р Симеон Петровски, присуствуваше на свечената церемонија по повод официјалното отворање на новата судиска 2004 година на Судот од Стразбур, што се…
-
Подготвителен состанок на Претседателите на Судовите за XIII Конференција на Европските Уставни судови во Кипар
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од Претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и Судијата Игор Спировски, денеска заминува во неколкудневна посета на Никозија, Кипар. Повод за посетата е одржувањето на Подготвителниот состанок на Претседателите на Судовите за XIII Конференција на Европските Уставни Судови, кој трае до 17 Октомври 2003 година. Организатор на овој…
-
Посета од Уставниот суд на Република Хрватска
Од 24-27 септември 2003 година во работна посета на Уставниот суд на Република Македонија ќе престојува делегација од Уставниот Суд на Република Хрватска во состав од д-р Петар Клариќ – потпретседател, Марио Кос – судија, Агата Рачан – судија и Ксенија Подгорник – секретар на претседателот.