2006
-
Учество на меѓународен семинар во Букурешт, Романија
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Уставниот суд Махмут Јусуфи, судијата д-р Трендафил Ивановски и државниот советник Татјана Јањиќ Тодорова на 23 и 24 ноември присуствуваше на меѓународен семинар на тема: „Гаранции за независноста на уставните судии“. Семинарот се одржа во Букурешт во организација на Уставниот суд на Романија…
-
Присуство на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите: д-р Трендафил Ивановски и Игор Спировски во периодот од 26 до 28 октомври 2006 година присуствуваше на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва. Истовремено беше одржан и IX –Меѓународен форум на уставната правда на тема: “Заедничкиот…
-
Учество на делегација на Уставниот суд на советување во Милочер, Република Црна Гора
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, г-дин Махмут Јусуфи во состав од судијата Бранко Наумоски и генералниот секретар на Судот, г-ѓа Милица Николовска учествуваше на Советување на тема: „Положбата и улогата на Уставниот суд во примената на Европската конвенција за човекови права“ кое се одржа во Милочер, Република Црна…
-
Посета на Уставниот суд на Република Словенија
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Судот, Махмут Јусуфи, судиите: Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Игор Спировски и Бранко Наумоски и генералниот секретар Милица Николовска, беше во посета на Уставниот суд на Република Словенија во периодот од 25 до 27 септември 2006 година. На билатералната средба беа разменети искуства…
-
Учество на Подготвителниот состанок на XIV-от Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови.
Во периодот од 6 до 9 септември 2006 година делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Махмут Јусуфи, а во состав од Милица Николовска, генерален секретар на Судот и м-р Симона Герасимова – Јовановска, советник, зеде учество на Подготвителниот состанок на XIV-от Конгрес на Конференцијата…
-
Протоколарна посета
Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија неговата екселенција Танер Каракаш на 27 јуни 2006 година оствари протоколарна посета на Уставниот суд на Република Македонија. На средбата од двете страни беше изразена желба за зајакнување на соработката помеѓу Уставниот суд на Република Турција и Уставниот суд на Република Македонија.
-
Присуство на свечена Церемонија по повод 50-годишнината на Уставниот суд на Република Италија
По покана на Претседателот на Уставниот суд на Република Италија Проф.д-р. Анибале Марини, Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Г-ѓа Лилјана Ингилизова-Ристова, во придружба на државниот советник Татјана Јањиќ-Тодорова, од 20 – 23 април 2006 година присуствуваше на свечената Церемонија на прославувањето на 50-годишнината на Уставниот суд на Република Италија во присуство на претседатели…