По покана на Претседателот на Уставниот суд на Република Италија Проф.д-р. Анибале Марини, Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Г-ѓа Лилјана Ингилизова-Ристова, во придружба на државниот советник Татјана Јањиќ-Тодорова, од 20 – 23 април 2006 година присуствуваше на свечената Церемонија на прославувањето на 50-годишнината на Уставниот суд на Република Италија во присуство на претседатели на 50 уставни судови на други држави од Европа и пошироко.
Свечената Церемонија по повод златниот јубилеј на Уставниот суд на Република Италија се одржа во присуство на Претседателот на Република Италија Г- дин Карло Аѕељо Чампи, Градоначалникот на Рим Г-дин Валтер Велтрони и
највисоките авторитети од научните и други институции од правосудството.