Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Уставниот суд Махмут Јусуфи, судијата д-р Трендафил Ивановски и државниот советник Татјана Јањиќ Тодорова на 23 и 24 ноември присуствуваше на меѓународен семинар на тема: „Гаранции за независноста на уставните судии“.
Семинарот се одржа во Букурешт во организација на Уставниот суд на Романија и Венецијанската комисија на Советот на Европа.