Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија неговата екселенција Танер Каракаш на 27 јуни 2006 година оствари протоколарна посета на Уставниот суд на Република Македонија.
На средбата од двете страни беше изразена желба за зајакнување на соработката помеѓу Уставниот суд на Република Турција и Уставниот суд на Република Македонија.