2010
-
Учество на VIII Светски конгрес на Меѓународното здружение за уставно право (5-10 декември, Мексико Сити)
Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски учествува на VIII-от Светски конгрес на Меѓународното здружение за уставно право што се одржува од 5-10 декември 2010 во Мексико Сити. Темата на Конгресот е „Уставите и принципите“. Судијата Игор Спировски на Конгресот учествува со труд под наслов: „Поделба на власта и консоцијално споделување во Република Македонија: Случувања…
-
ЗАКЛУЧОЦИ од Регионалната конференција на уставните судови на тема:„Независност на уставните судови“, Охрид, 10-13 јуни 2010 година
– Уставните судови се тековина на современите демократски општества; нивната мисија е да ги обезбедат најважните општествени вредности, определени во уставите, како што се владеењето на уставот и уставноста односно владеењето на правото, поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска и остварувањето на основните човекови права и слободи; – Таквата мисија на уставните…
-
Регионална конференција на уставните судови
До Средствата за јавно информирање 1. Од 10-13 јуни 2010 година во хотел „Инекс Горица“ во Охрид ќе се одржи Регионална конференција на уставните судови. Темата на Конференцијата е: „Независност на уставните судови“. Во работата на Конференцијата ќе учествуваат: – Уставниот суд на Република Македонија, предводен од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски; – Уставниот суд…
-
Присуство на церемонија на Венецијанската Комисија
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата д-р Наташа Габер-Дамјановска ќе присуствуваат на формалната церемонија по повод 20 години од постоењето на Венецијанската Комисија што ќе се одржи на 5 јуни 2010 година во Венеција.
-
Билатерална посета на делегација на Уставниот суд на Република Турција на Уставниот суд на Република Македонија
Од 3-5 мај 2010 година, делегација на Уставниот суд на Република Турција составена од претседателот на Судот г-дин Хашим Килиџ и уште тројца судии, ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Станува збор за прва официјална билатерална средба помеѓу Уставниот суд на Република Македонија и Уставниот суд на Република Турција која е…
-
Билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија на Уставниот суд на Црна Гора
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија од 22 – 25 април 2010 година престојуваше во билатерална посета на Уставниот суд на Црна Гора. За време на посетата беше остварена работна средба со претседателот и судиите на Уставниот суд на Црна Гора на која се разговараше за актуелните состојби во работењето на уставните судови на двете земји…
-
Средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е Г-дин Арслан Хакан Окчал
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е Г-дин Арслан Хакан Окчал. Цел на посетата беше претстојната билатерална средба на Уставниот суд на Република Македонија со Уставниот суд на Република Турција.
-
Средба со претставник на Фондацијата Конрад Аденауер
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес ќе се сретне со д-р Јан Воишник, Координатор на Програмата за владеењето на правото и Раководител на Одделот за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер од Берлин. Целта на посетата ќе биде анализа на остварувањето на заедничките проекти на Уставниот суд и Фондацијата Конрад…
-
Учество на свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и државниот советник за меѓународна соработка Татјана Јањиќ-Тодорова на 29 јануари 2010 година учествуваа на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. По тој повод беше одржан и семинар на тема: „Конвенцијата е ваша“ на кој учествуваа 150 претставници…
-
Присуство на Свечена седница на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
На покана на Претседателот на Европскиот суд за човекови права г-дин Жан Пол Коста, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, на 29 јануари 2010 година ќе присуствува на свечената седница на Европскиот суд за човекови права во Стразбур по повод отворањето на судиската година. На свечената седница ќе му претходи семинар…