Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес ќе се сретне со д-р Јан Воишник, Координатор на Програмата за владеењето на правото и Раководител на Одделот за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер од Берлин. Целта на посетата ќе биде анализа на остварувањето на заедничките проекти на Уставниот суд и Фондацијата Конрад Аденауер како и разговор за состојбата со владеењето на правото во Република Македонија.