Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и државниот советник за меѓународна соработка Татјана Јањиќ-Тодорова на 29 јануари 2010 година учествуваа на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. По тој повод беше одржан и семинар на тема: „Конвенцијата е ваша“ на кој учествуваа 150 претставници на највисоките судови во Европа. На судиите им се обрати г-дин Жан Пол Коста, претседател на Европскиот суд за човекови права, г-ѓа Франсоаз Тулкенс, судија на Европскиот суд за човекови права од Белгија и претседателите на врховните судови на Холандија и Хрватска. На свечената седница на присутните им се обратија г-дин Жан Пол Коста и г-дин Жан Марк Сове, заменик претседател на Државниот совет на Франција.
За време на престојот во Стразбур, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски оствари средба со претседателот на Европскиот суд за човекови права Жан Пол Коста како и со претседатели на уставните судови од неколку европски земји.