Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е Г-дин Арслан Хакан Окчал. Цел на посетата беше претстојната билатерална средба на Уставниот суд на Република Македонија со Уставниот суд на Република Турција.