На 25 септември 2009 година со почеток во 9,30 часот во салата Милениум II на Хотел „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи стручна расправа на тема „Уставно судство“. Расправата е во организација на Програмата за владеење на правото во ЈИЕ на Фондацијата Конрад Аденауер и Уставниот суд на Република Македонија и неа ќе ја отворат раководителката на Програмата д-р Штефани Рикарда Рос и претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски. Поздравна реч се очекува од министерот за правда на Република Македонија Михајло Маневски и амбасадорката на СР Германија н.е. Урлике Марија Кноц. Воведот во расправата е од д-р Матијас Хартвиг, научен референт во Институтот за компаративно право и меѓународно јавно право од Хајделберг (СР Германија).
Во рамките на стручната расправа се организира конференција за печат од 12,00 до 13,00 часот на која ќе биде презентирана содржината на Публикацијата „ Избрани одлуки на Уставниот суд на СР Германија“, преведена на
македонски јазик, издадена по повод 60 години на Уставот на СР Германија.
Ве покануваме да присуствување на расправата и на конференцијата за печатот.
Молиме Вашето присуство да го потврдите на Е-mail JMilenkovic@ustavensud.mk
18.09.2009 година
Порт-парол
м-р Југослав Миленковиќ