Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денеска ќе оствари средба со г-ѓа Асма Џахангир, специјалниот известувач на Организацијата на Обединетите Нации за слободата на религијата и убедувањето.
Средбата се остварува во рамките на официјалната посета на г-ѓа Џахангир на Република Македонија.