Судиите на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски и Игор Спировски учествуваат на Регионалната конференција на тема: „Уставното судство во теорија и практика“ што се одржува во Белград, 27 и 28 октомври 2009 година во организација на Уставниот суд на Србија и Програмата за владеењето на правото на Фондацијата Конрад Аденауер. На Конференцијата претставници од уставните судови од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, како и експерти по уставно право од Германија ќе расправаат за тековните теми и предизвици на уставното судство во регионот.