На барање на Уставниот суд на Република Косово, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес (18 декември 2009) се сретна со претседателот на Судот Енвер Хасани, потпретседателот Кадри Круезиу и генералниот секретар Арбреша Шаља.
Средбата беше протоколарна и посветена на согледувањето на можностите за идна соработка.
18.12.2009
Скопје
Служба за информирање на
Уставниот суд на Република Македонија