-

Советникот на Судот Јањиќ-Тодорова учествуваше на онлајн семинар на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF)
Советникот на Судот за меѓународно-правни односи и соработка, Татјана Јањиќ Тодорова учествуваше на онлајн семинарот на националните кореспонденти на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF) чиј полноправен член е Уставниот суд на РепубликаСеверна Македонија. Учесниците на семинарот дискутираа и ги презентираа своите искуства и добри практики во врска со темата на семинарот: Комуникацијата на уставните…
-
Делегација на Уставниот суд ќе учествува на меѓународна конференција за улогата на уставните судови во заштитата на демократијата во Приштина, Република Косово
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска-Данева ќе учествува на меѓународна конференција на темата „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, која ќе се одржи на 22 октомври 2026 година во Приштина, Република…
-
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
По интерес на повеќе медиуми во врска со предметите во кои е оспорено усогласувањето на пензиите Уставниот суд информира: Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2025) поради исцрпеност на одредбата во нејзината…
-
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Поради интерес на медиумите за предметот „Реферат УЗ.бр.87/2025″, Уставниот суд информира: Судот на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/2025). Причината за отфрлање на иницијативата е фактот дека таа…
-
Одговор за медиуми во врска со предметите во кои се оспорени одредби за платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители
По повеќе новинарски прашања во врска со оспорените одредби за платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители, Уставниот суд информира: Во тек се постапки по три оформени предмети, У.бр.71/2025, У.бр.74/2026 и У.бр.115/2026, по поднесени иницијативи од Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, преку претседателот Елвин Вели и од Советот…
-

Делегација на Уставниот суд учествува на меѓународна конференција по повод 35 години од основањето на Уставниот суд на Бугарија
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судијата Добрила Кацарска, учествуваат на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во гарантирање на владеењето на правото“ во Софија, Република Бугарија. Конференцијата се организира по повод 35-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Бугарија. Се одржуваат три тематски панели…
-

Обраќање на 14. летна школа во Анкара: И во време на криза, државните овластувања мора да останат во уставните граници
Генералниот секретар на Уставниот суд на Република Северна Македонија, м-р Виолета Ѓорѓиевска, и м-р Шадија Банташоска, стручен соработник за правни прашања, учествуваа на 14. Меѓународна летна школа на тема „Основни принципи за ограничување на правата и слободите“, која се одржа од 4 до 9 октомври 2026 година во Анкара, Република Турција, во организација на Центарот…
-

Претставници од Уставниот суд учествуваа на 14. Меѓународна летна школа во Република Турција
Претставници на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваа на 14. Меѓународна летна школа и имаа обраќање на темата „Основни принципи за ограничување на правата и слободите“. Настанот се одржа од 4 до 9 октомври 2026 година во Анкара, Република Турција, во организација на Центарот за обука и развој на човечки ресурси при Асоцијацијата на…
-

Дневен ред за 25. седница закажана за 21 октомври 2026 година во 9:30 часот
На 21 октомври 2026 година, среда, во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 25. седница на која е предвидено да се дискутира за следните предмети: I – ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА 1. Реферат У.бр.39/2025 Оспорени одредби: член 28 став 2 во делот „централното“ од Законот за јавна чистота („Службен весник на…
-

Соопштение по одржаната 24. седница на Уставниот суд
На 7 октомври 2026 година, Уставниот суд ја одржа 24. седница на која го одлучи следното: I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.166/2025 Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 157 став 8 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.37/1996, 80/1999, 48/2001, 4/2002, 16/2002, 43/2003,…
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од судијата Добрила Кацарска и советникот на Судот Мартин Трајановски, учествуваше на меѓународната конференција „За Уставот, државата и демократијата“, одржана од 1 до 4 октомври во Тиват, Црна Гора. Конференцијата обедини претседатели, потпретседатели и судии на уставни и врховни судови од повеќе европски држави, како и…
-

Дневен ред за 24. седница закажана за 7 октомври 2026 година во 9:30 часот
На 7 октомври (среда) 2026 година, во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 24. седница со Дневен ред за кој се закажани осум иницијативи за оценување уставност и законитост и еден предлог за одлучување по одлука. I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.166/2025 Оспорена одредба: член 157 став 8 од Кривичниот…