Советникот на Судот за меѓународно-правни односи и соработка, Татјана Јањиќ Тодорова учествуваше на онлајн семинарот на националните кореспонденти на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF) чиј полноправен член е Уставниот суд на Република
Северна Македонија.
Учесниците на семинарот дискутираа и ги презентираа своите искуства и добри практики во врска со темата на семинарот: Комуникацијата на уставните судови и технолошките предизвици. Заеднички беше заклучокот дека уставните судови соочени со предизвиците на технолошката ера се принудени да ја менуваат организацијата и стратегиите за комуникација со јавноста и со медиумите со цел да се обезбеди поголема транспарентност во работењето,
објективно информирање и подобро разбирање на уставно-судските одлуки.
Претставничката на Уставниот суд на Република Северна Македонија Татјана Јањиќ Тодорова ги сподели позитивните искуства на Судот од следењето во живо на седниците на Уставниот суд. Следниот настан во рамките на Асоцијацијата на франкофонски
судови е Конференцијата на шефовите на институциите што ќе се одржи
во Маракеш, Мароко во мај 2027 година.
