Дневен ред за 25. седница закажана за 21 октомври 2026 година во 9:30 часот

На 21 октомври 2026 година, среда, во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 25. седница на која е предвидено да се дискутира за следните предмети:

I – ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА

1. Реферат У.бр.39/2025

Оспорени одредби: член 28 став 2 во делот „централното“ од Законот за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/2008, 64/2009, 114/2010, 23/2011, 53/2011, 80/2012, 163/2013, 44/2015, 147/2015, 31/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021, 255/2024 и 101/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Според подносителот, не е јасна определбата да се „заштити” само „централното подрачје на општините, општините во Градот Скопје и градот Скопје”. Се наведува дека животната средина и нејзината заштита не треба да се протегаат само на централните подрачја, бидејќи Уставот не прави таква поделба.

2. Реферат У.бр.94/2025

Оспорени одредби: Член 135-а став 4 во делот „по што надлежниот орган е должен истото да го поништи“ од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/2009, 124/2010, 18/2011, 36/2011, 13/2012, 144/2012, 25/2013, 79/2013, 137/2013, 163/2013, 27/2014, 28/2014, 42/2014, 115/2014, 149/2014, 187/2014, 44/2015, 129/2015, 217/2015, 226/2015, 30/2016, 31/2016, 39/2016, 71/2016, 132/2016, 35/2018, 64/2018, 168/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/2019, 18/2020, 279/2020, 227/2022, 111/2023, 224/2024, 255/2024, 3/2025, 17/2025, 87/2025 и 101/2025) и член 10 точка 1 алинеја 5 во делот „утврдување стандарди и “ од Законот за Градот Скопје („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2004 и 158/2011).

Подносител на иницијативата: адвокат Жарко Хаџи-Зафиров

Од наводите во иницијативата:

Подносителот на иницијативата наведува дека одредбата која е донесена на 20.09.2010 година предвидува поништување на одобрение за урбана опрема (тераси, настрешници, шанкови итн.) која е поставена спротивно на одобрението кое го издал надлежниот орган, или во овој случај градоначалникот. Се тврди дека иако е предвидено дека градоначалникот треба да го поништи одобрението за поставување урбана опрема, Законот не предвидува на кој начин и во каква постапка тој ќе го поништи одобрението за поставување на урбана опрема, кое е правосилно.  Подносителот тврди дека фактот дека не е уредено на кој начин ќе се поништи одобрението за урбаната опрема создава правна несигурност и непредвидливост.

3. Реферат У.бр.96/2025, У.бр.97/2025, У.бр. 98/2025, У.бр.105/2025, У.бр.106/2025, У.бр.108/2025, У.бр.115/2025, У.бр.116/2025, У.бр.119/2025, У.бр.123/2025, У.бр.124/2025, У.бр.125/2025, У.бр.127/2025, У.бр.128/2025, У.бр.130/2025, У.бр.141/2025 и У.бр.143/2025.

Оспорена одредба: Член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2025).

Подносители на иницијативата по предметот У.бр.96/2025:

Сузана Московска од Скопје

Љупчо Московски од Скопје

Милан Гелевски од Скопје

Лепосава Гелевска од Скопје

Михаил Апостолски од Скопје

Роза Апостолска од Скопје

Лина Петровска од Скопје

Даница Митева од Скопје

Снежанка Тодоровска од Скопје

Подносители на иницијативата по предметот У.бр.97/2025:

Јадранка Мршиќ и Тито Беличанец

Подносител на иницијативата по предметот У.бр. 98/2025:

Игорчо Точев

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.105/2025:

Народен правобранител на Република Северна Македонија

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.106/2025:

Темелко Ристески

Подносители на иницијативата по предметот У.бр.108/2025:

Емил Јанчевски и Стефан Ѓорчев

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.115/2025:

Драги Ѓошевски

Подносители на иницијативата по предметот У.бр.116/2025:

Мирослав Петровски и Зоран Пејковски

Содржина на оспорената одредба:

Член 2

(1) Одредбите од членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22, 79/23, 193/24 и 75/25), не се применуваат во периодот од 1 септември 2025 година до 31 март 2026 година.

(2) Сите видови на пензии, кои се исплаќаат во Република Северна Македонија, на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за зголемување на пензиите пресметан како збир од 50% на порастот на индексот на трошоците на живот и 50% на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи, објавени од Државниот завод за статистика, се дели со вкупниот број на корисници на пензија кои правото на пензија го оствариле заклучно со 31 август 2025 година, односно 28 февруари 2026 година.

¹ Законот е донесен на седница на Собранието одржана на 24.07.2025 година и објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 154 од 29.07.2025 година.

Од наводите во иницијативата:

Според наводите во иницијативите, со оспорената одредба за периодот од 1 септември 2025 година до 31 март 2026 година, се суспендира примената на член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување како системска одредба која овозможува усогласување на старосната пензија базирано на порастот на платите и инфлацијата, во висина која ги следи економските параметри. Со оспорената одредба, се тврди дека  пензиите се усогласуваат линеарно, односно со подеднаков износ на зголемување за сите пензионери, без оглед на висината на пензијата, односно висината на индивидуалното вложување со пензиските придонеси и годините на работен стаж. Во наводите од иницијативите се тврди дека без објективно и разумно оправдување се фаворизира една категорија пензионери со ниски пензии на сметка на друга. Пензионерите со повисоки пензии, засновани на повисоки плати и долг стаж, добиваат релативно помало зголемување во проценти, со што нивната пензија губи реална вредност во однос на другите. Тоа значи дека државата ги изедначува пензиите на штета на оние што придонеле повеќе, со што се врши дискриминација, односно еднаков третман на нееднакви ситуации што е фактичка нееднаквост, спротивно на уставното начело на еднаквост кое подразбира еднаквост во правата, рамноправност пред законите и забрана на директна или индиректна дискриминација.

Забелешка: Рефератот беше предложен за разгледување за 23. седница одржана на 30 септември 2026 година, но истиот беше одложен поради отсуство на судијата-известител.

5. Реферат УЗ.бр.87/2026

Оспорен акт: Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/2025).

Подносител на иницијативата: Политичка партија „Социјалдемократски сојуз на Македонија”- Скопје

Од наводите во иницијативата:

Подносителот на иницијативата наведува дека оспорената Резолуција е во спротивност со членот 16 од Уставот, бидејќи ја загушува слободата на мислата и јавно да се искаже мислата и сопственото мислење на темата за мигрантите во земјата. Притоа, се тврди дека за прашање од јавен интерес се загушува мислењето и се осудува наративот на критика, претставувајќи го како лажен и манипулативен. Се наведува дека целта на оспорениот акт е да врши цензура врз неистомислениците за тема од особен јавен интерес и во никој случај критиката не може да биде нападната како средство за создавање паника и нарушување на јавната стабилност.

Забелешка: Рефератот беше предложен за разгледување за 23. седница одржана на 30 септември 2026 година, но истиот беше одложен поради отсуство на судијата-известител.

5. Реферат УЗ.бр.26/2026

Оспорен акт: Програмата за основни геолошки истражувања за 2026 година бр.57-1278/14 од 24.03.2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 147/2026).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Според подносителот, од содржината на член 5 од Законот, како и од целината на Законот не произлегува кој ја носи и кој ја усвојува таа Програма, а со истата се утврдува висина на средства, намена и начин на нивно користење. Во иницијативата се наведува дека отсуството на прецизни законски норми за уредување на содржината на програмата е спротивно на начелото на владеење на правото.

6. Реферат УЗ.бр.36/2025

Оспорен акт: Одлука за давање согласност на тарифникот за надоместоци за извршени услуги на корисник на технолошка индустриска развојна зона бр.50-4246/45 од 13 мај 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Според подносителот, проблематично е што според него, Владата ја донела оспорената одлука во смисла на повикување на член 12 став 4 алинеја 8 од Законот, при што укажува дека ставот 4 од членот 12 од истиот закон содржи вкупно 6 алинеи, а не 8 алинеи како што се тврди во оспорената одлука.

7. Реферат УЗ.бр.77/2025

Оспорен акт: Одлука за донесување на Конечен Предлог план за измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од блок 74, Тетово 2, Општина Тетово, плански период (2017-2027) бр.08-13197/9 од 22.10.2024 („Службен гласник на Општина Тетово“ бр.14/2024).

Подносител на иницијативата: Министерство за транспорт

Од наводите во иницијативата:

Се наведува дека Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијанието на животната средина и врз здравјето на луѓето, бр.10-9849/2 од 16.10.2017 година, е спротивна на член 28 став (2) од Законот за просторно и урбанистичко планирање, бидејќи не била донесена по донесување на годишната програма за изработка на урбанистички планови од страна на донесувачот на планот. Исто така, се наведува дека истата е спротивна и на член 65 став (10) од Законот за животната средина, затоа што не била објавена на веб-страницата на Општина Тетово во рок од 5 дена од денот на донесувањето, туку била објавена на ден 15.11.2017 година.

II БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1. Реферат БЗСП.бр.5/2026

Подносител на барањето: ПАН МОНТИНГ ДООЕЛ Скопје преку управителот Петар Баришиќ

Предмет на барањето: Барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност.

Акти со кои наводно е сторена повредата:

Решение од 26.02.2026 на Апелациониот суд Гостивар и Решение од 02.12.2025 година на Основниот суд Тетово

Решение од 08.04.2026 на Апелациониот суд Гостивар и Решение од 03.02.2026 година на Основниот суд Тетово

Решение од 17.04.2026 на Апелациониот суд Гостивар и Решение од 30.12.2025 година на Основниот суд Тетово

Од наводите во барањето:

Според подносителот, предмет на барањето за заштита на слободите и правата е дискриминација врз основа на социјална припадност, потврдена со Решението на Апелациониот суд Гостивар, а врз основа на присилното извршување во извршната постапка.

Забелешка: Рефератот беше предложен за разгледување за 23. седница одржана на 30 септември 2026 година, но истиот беше одложен поради отсуство на судијата-известител.

2. Реферат БЗСП.бр.7/2026

Предмет на барањето: Заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност.

Подносител на барањето: Валентин Кедиоски

Подносителот ја оспорува судската одлука со наводи дека му се наплатува такса за јавно осветлување иако кај неговата викенд-куќа и пошироко во околината улично осветлување сѐ уште не е спроведено. Наведува дека наплатата на непостоечка услуга претставува неосновано одземање на неговите парични средства и прекумерен индивидуален товар со што му се повредува неговото право на сопственост утврдено со член 30 од Уставот и дека тоа е спротивно на праксата на Европскиот суд за човекови права кој во случајот Стрезовски и други против Северна Македонија од 2020 година, изразил став дека наметнувањето финансиски товар за непостоечка услуга претставува повреда на правото на мирно уживање на имотот.

III- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр.17/2025

На 03.06.2026 година Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 177-г ставови 6 и 10, член 177-ѓ став 4 и член 177-ј став 8 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 17/2025 и 132/2025).

Забелешка: Рефератот беше предложен за разгледување за 23. седница одржана на 30 септември 2026 година, но истиот беше одложен поради отсуство на судијата-известител.

2. У.бр.32/2025

Судот на 4 февруари 2026 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 3 во делот „гарантирана минимална помош“, член 3 став 2 во делот „гарантирана минимална помош“, член 12 став 5 во делот „гарантирана минимална помош“, насловот на член 20 во делот „гарантирана минимална помош“, член 20 став 1 во делот „гарантирана минимална помош“, насловот на член 22 во делот „гарантирана минимална помош“, член 23 точка 20 во делот „65 години“, насловот на член 28 во делот „гарантирана минимална помош“, член 28 став 1 во деловите „гарантирана минимална помош“ и „65 години“, член 34 став 3 во делот „гарантирана минимална помош“ и член 39 во делот „гарантирана минимална помош“ од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 142/2021, 278/2023 и 183/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

[https://ustavensud.mk/2026/02/%d1%83-%d0%b1%d1%80-32-2025/](https://ustavensud.mk/2026/02/%d1%83-%d0%b1%d1%80-32-2025/)

Забелешка: Рефератот беше предложен за разгледување за 23. седница одржана на 30 септември 2026 година, но истиот беше одложен поради отсуство на судијата-известител.

3. У.бр.3/2026

На 13.05.2026 година, Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 24 став 12 од Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

[https://ustavensud.mk/2026/05/%d1%83-%d0%b1%d1%80-3-2026/](https://ustavensud.mk/2026/05/%d1%83-%d0%b1%d1%80-3-2026/)

4. УЗ.бр.5/2026

На 30 септември Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 41 став 1 и член 46 ставовите 1 и 2 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024, 275/2024 и 215/2025), како и на уставноста и законитоста на Одлуката бр. 0201-1642/2 од 29.12.2025 година, донесена од Собранието на ЗАМП Скопје.

4. Реферат У.бр.181/2025 и 182/2025

Оспорена одредба: член 36 во став 1 во делот „прво и второ дете“, став 2 и став 3 во деловите „прво и второ“ и „доколку мајката нема новородено дете во смисла на ставот (2) на овој член од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 104/2019, 146/2019, 275/2019, 88/2020, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 236/2022, 265/2024, 17/2025 и 132/2025) и  член 38 во став 3 од истиот закон.

Подносител на иницијативите: Kлиментина Ангелеска

Од наводите во иницијативите:

Подносителката тврди дека оспорените одредби се дискриминаторски, бидејќи според неа, прават разлика меѓу прво и второ новородено дете, а уште дотолку што се потенцира фактот „доколку мајката нема новородено дете”, па го поставува прашањето дали третото дете не се смета за новороденче или воопшто за дете, за да може да добие еднократна парична помош. Подносителката тврди дека додатокот за трето дете не може да го добие секоја мајка, односно тој според оспорената одредба следува само на невработени или вработени со минимална нето-плата. Се наведува дека оспорената одредба е свесно креирана со таа содржина, бидејќи такви услови не исполнува речиси никој, не соодветствува на реалноста за да може едно петчлено семејство да ги задоволи сите потреби со вкупни примања кои се врзани со минималната плата или не повисоки од 24 000 денари месечно вкупно, за да се добие додаток за трето дете од 9000 денари.

Забелешка: Рефератот беше разгледуван на дневен ред за 24. седница на Судот, одржана на 7 октомври 2026 година. Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство гласови. Предметот е во фаза на гласање.