-
Соопштение
Ја известуваме јавноста дека поради состојбата со ширењето на коронавирусот, Уставниот суд следната недела нема да одржи седница.
-
Соопштение
Ја известуваме јавноста дека после обемната расправа по првите две точки од дневниот ред, деветтата седница на Судот беше прекината и ќе продолжи на 7 април 2021 година.
-
ЈАВЕН ОГЛАС број – 1/21 за вработување во Стручната служба на Уставниот суд
Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија објавува ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/21 за вработување на неопределено време во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна…
-
Работна средба на претседателот на Судот, Сали Мурати и судиите на Уставниот суд со претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, заедно со судиите на Уставниот суд, денес остварија работна средба со претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски. Претседателот Мурати, изрази задоволство од поканата на претседателот на Републиката и посочи дека во минатото, постоела пракса на вакви редовни средби помеѓу двата органи како…
-
Соопштение по одржаната VIII-ма седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната VIII-ма седница (денeс, 10 март 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 281-а од Законот за семејството („Службен весник на Република…
-
Соопштение по одржаната VII-ма седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната VII-ма седница (денeс, 3 февруари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – не поведе постапка за оценување на уставноста на член 13, во делот: “на маж и жена” и член 100-а став 5 алинеја…
-
Учество на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати на XVIII-от Конгрес на Конференцијата на европски уставни судови (24 и 25 февруари 2021 година)
Во рамките на чешкото претседателство со Конференцијата на европските уставни судови, на 24-25 февруари ќе се одржи XVIII-от Конгрес на тема: „Човекови права и фундаментални слободи: Односот помеѓу меѓународните, наднационалните и националните каталози во 21 век“. Во работата на Конгресот, кој годинава поради пандемијата од КОВИД-19, се одржува по пат на видео-конференција, учествуваат 35 уставни/врховни…
-
Соопштение по одржаната VI-та седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната VI-та седница (денeс, 24 февруари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – не поведе постапка постапка за оценување на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки („Службен весник на Република Македонија“…
-
Соопштение
Во врска со последната изјава на претходната министерка за правда, Рената Дескоска, за работата на Уставниот суд за времетраењето на вонредната состојба, Судот смета дека се работи за непримерена и неоснована квалификација од страна на поранешен носител на јавна функција и доктор на правни науки. Како и за целокупната своја работа, Уставниот суд, беше целосно…
-
Соопштение по одржаната V-та седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната V-та седница (денeс, 17 февруари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 61 став 2 од Законот за денационализација (“Службен весник на…
-
Средба на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати со Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денес оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри. Амбасадорот Андреа Силвестри на почетокот на средбата се заблагодари за приемот и истакна дека, како новоименуван италијански амбасадор, оваа посета на Уставниот суд е со цел изворно да се…
-
Соопштение по одржаната IV-та седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната IV седница (денeс, 10 февруари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен…