Соопштение по одржаната 8. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 8. седница на која се дискутираше по два (2) предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и два предлога за одлучување со нацрт-одлуки.

1. Реферат У.бр.24/2022

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.294/2021) во целина и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 точка е), член 35, член 36, член 37, член 54 став 1 точки б) и г), член 55 ставови 4, 5 и 9, член 56 став 3 точки 2) и 3), член 57, член 58, член 60, член 61, член 62, член 63, член 64, член 65, член 66, член 67, член 68 и член 69 од истиот закон.

Подносители на иницијативата: Адвокати Александар Ристески и Рајна Наумовска-Марковска, двајцата од Скопје

2. Реферат У.бр.138/2021

Уставниот суд донесе Заклучок предметот да се одложи и да се одржи нова расправа по предметот.

Подносители на иницијативата: Невена Георгиевска и Татјана Чакулев

3. Предлог за одлучување по У.бр.298/2020

Уставниот суд донесе Заклучок предметот да се одложи и да се одржи нова расправа по предметот.

Подносител на иницијативата: Игор Спировски, адвокат од Скопје, како полномошник на Славко Размилиќ, Зорка Златановиќ, Јадранка Мршиќ и Димитар Пејчиновски

4. Предлог за одлучување по У.бр.92/2023

Уставниот суд ги укина член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“, сите од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија” број број 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/2020 и 129/2023).

Подносител на иницијативата: Политичка партија “Левица”

Напомена:

Ова соопштение содржи само информации за одлученото. Судот дополнително на веб-страницата ги објавува целосните одлуки со аргументи, откако ќе ги поминат сите редакционо-технички комисии и усвојувања.