2025
-
УЗ.бр.60/2025 и УЗ.бр.61/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на: Одлуката за усвојување на Конечен предлог-детален урбанистички план за блок 25, урбана единица VI, VII и VIII зона, КО Гостивар 1 – Општина Гостивар, со површина на опфатот од 15.176 Ха, за плански период 2019-2029 („Службен гласник на Општина Гостивар“ бр.9 од 22.08.2025 година) и…
-
У.бр.154/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Одлуката за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на г.п.7.5.2.04 блок 7 – Гевгелија (КП бр.2886/2 КО Гевгелија), Општина Гевгелија, донесена од Советот на Општина Гевгелија
-
У.бр.33/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 4 став 7 во делот „буџетскиот корисник од прва линија” и член 7 став 3 во деловите „втора линија буџетски корисници” и „буџетскиот корисник од прва линија” од Законот за трансформација во редовен работен однос
-
БЗСП.бр.14/2025
СЕ ОТФРЛА барањето на Александар Наумовски од Скопје, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 на Уставот на Република Северна Македонија коишто се однесуваат на забраната на дискриминација по однос на политичка припадност
-
У.бр.82/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 145 став 1 во делот „и тоа од денот кога до тој работодавец е доставен налогот за извршување” од Законот за извршување
-
У.бр.37/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 7 став 5 и член 8 став 3 и став 8 алинеја 1 од Тарифата на премии за осигурување на сопственици на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица
-
У.бр.55/2023
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 92 став 3 точка 2 во делот „литар” од Законот за акцизите
-
У.бр.76/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 86 ставови 1, 2 и 4 од Законот за нотаријатот
-
УЗ.бр.33/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Програмата за урбанистичко планирање за 2025 година, донесена од Советот на Општина Карпош
-
У.бр.44/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 36 став 1 точка 8 од Законот за вршење на сметководствени работи
-
У.бр.27/2025, У.бр.50/2025 и У.бр.132/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 104-а од Законот за работните односи
-
У.бр.155/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 31 став 1 во делот „кој не може да биде пократок од 25 години“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 171/2022)