2025
-
У.бр.137/2017
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на членовите 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации
-
У.бр.47/2025, У.бр.49/2025 и У.бр.70/2025
СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на член 18 став 1 точка б) од Законот за нотаријатот
-
БЗСП.бр.7/2025
СЕ ОТФРЛА барањето на Народниот правобранител за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, коишто се однесуваат на забрана на дискриминација по основ на национална припадност
-
У.бр.35/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на член 17 став 3 од Законот за здравственото осигурување
-
У.бр.192/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 8 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија
-
У.бр.10/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 50 став 2 во деловите „и стручно лице – тренер” и „други податоци што се значајни за остварениот резултат” од Законот за спортот
-
У.бр.3/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 40-а став 6 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија
-
У.бр.189/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 235 став 4 од Царинскиот закон
-
У.бр.30/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Центар – Скопје и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорената одредба од Деловникот
-
У.бр.254/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на член 288, член 381 ставови 3 и 4, членови 483, 484, 485, 486, 487, 488, 489 и 490 од Законот за кривичната постапка
-
У.бр.148/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за начинот и постапката за следење на функционирањето на пазарите на енергија
-
У.бр.197/2024
СЕ УКИНУВААТ членовите 47 и 48 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци