2023
-
Претседателката Кацарска оствари работна средба со австрискиот амбасадор Памер и специјалистот за судски реформи и владеење на правото, Георг Става
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со претставници од австриската амбасада предводена од Н.Е. амбасадорот Мартин Памер и Георг Става, специјалист за судски реформи и владеење на правото во ЈИЕ при австриската амбасада во Белград. На средбата се разговараше за состојбата со владеењето на правото и политиката на имплементирање на законите во…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска оствари работна средба со амбасадорот Килијан Вaл, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје. На состанокот се разговараше за состојбата во Уставниот суд од аспект на недостатокот на уште двајца судии, ресурсите со кои работи и располага Судот и важноста за остварување негова финансиска самостојност. На средбата стана збор…
-
Делегација на Уставниот суд и ИЧП во посета на Уставниот суд во Република Словенија
Претставници на Уставниот суд и на Институтот за човекови права остварија работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Словенија д-р Матеј Ацето и судиите д-р Шпелца Межнар и д-р Катја Шубман Стагс. Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се интересираше за третманот на основните слободи и права од аспект на уставното судство, за…
-
Петра Дрекслер, амбасадорката на Сојузна Република Германија со поддршка за воведување на уставна жалба
Амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер изрази поддршка за иницијативата за воведување на уставна жалба во земјава, со што ќе се овозможи граѓаните да се жалат за сите права од Уставот, пред Уставниот суд. Во текот на нејзиното излагање на Регионалната конференција на која е промовирана студија за уставна жалба во Република Северна…
-
Најава за Регионална конференција во организација на Уставниот суд
Денеска(22.11.2023) во 10 часот започнува Регионалната конференција на која ќе се промовира важноста од воведување на уставната жалба во Република Северна Македонија. Говорници на конференцијата: Претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски Претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска H.Е. г-ѓа Петра Дрекслер, Амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија Министер за правда, Кренар…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, говорник на 60-годишнината од уставното судство на Република Србија
По повод 60 години уставно судство на Република Србија, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска беше еден од говорниците со свое обраќање на Регионална конференција во Белград и во излагањето посочи на улогата на Судот во примената на Европската конвенција за човекови права. Иако Уставниот суд на Република Северна Македонија нема надлежност да ја оценува…
-
Формиран Балкански форум на уставни судови- Уставниот суд на Република Северна Македонија меѓу основачите
Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска во име на Судот потпиша Меморандум за разбирање и основање на Балкански форум на уставни судови заедно со претседателите на уставните судови на Бугарија, Албанија, Црна Гора, Косово и Турција. Балканскиот форум на уставни судови е основан за да помогне во развивање на меѓусебен дијалог,…
-
Судијата Осман Кадриу говорник на Регионална конференција во Република Косово
Делегација на Уставниот суд претставувана од судиите проф. д-р Осман Кадриу и Насер Ајдари учествува на одбележувањето на 14-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. По тој повод во Приштина се одржа Регионална конференција со фокус на придонесот на уставните судови за заштита и зајакнување на основните вредности на демократијата, владеењето на правото…
-
Говор на претседателката Добрила Кацарска од обраќањето на тема: „Улогата на Уставниот суд во заштитата на приватна сфера на граѓанинот”
УЛОГАТА НА УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЗАШТИТАТА НА ПРИВАТНАТА СФЕРА НА ГРАЃАНИНОТ Почитуван претседател на Уставниот суд на Црна Гора, Почитувани колеги, Почитувани претставници на Фондацијата ИРЗ, Дозволете во мое и во име на моите колеги – судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија, да се заблагодарам на поканата за учество…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари онлајн средба со претставници од германската фондација ИРЗ во врска со извештајот за уставна жалба
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари онлајн средба со претставници на германската фондација за правна соработка (ИРЗ) на чело со г. Штефан Пирнер, раководител на проектна област, експерти за уставно право од Сојузна Република Германија и претставници на амбасадата на СР Германија во Република Северна Македонија. На оваа работна средба претставниците на ИРЗ ги…
-
Билатерална средба на уставните судови на Република Северна Македонија и Република Бугарија
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателката на Судот, Добрила Кацарска, оствари официјална посета на Република Бугарија во периодот од 7 до 10 јуни 2023 година. Во рамки на посетата се реализираа работни средби со фокус на дискусија на тема „Пристапот на граѓаните до уставната правда”. Судиите од двата суда разменија…
-
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија во студиска посета на Република Хрватска
Петчлена делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија беше дел од студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање и размена на најдобрите искуства од уставно-судската пракса на хрватскиот Уставен суд. Во текот на посетата се организираше работилница со фокус на запознавање со хрватскиот модел на уставна жалба, од основни информации поврзани со правната…