2023
-
У.бр.146/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување
-
У.бр.149/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун
-
У.бр.122/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на: Одлуката за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин, Општина Охрид за кое нема урбанистички план, донесена од Советот на Општина Охрид и Решението на Министерството за транспорт и врски
-
У.бр.107/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност
-
У.бр.167/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Правилникот за систематизација на работните места во ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, донесен од Управниот одбор на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје
-
У.бр.153/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и методологијата за утврдување референтни цени на лекови, донесен од Фондот за здравстено осигурување на Република Северна Македонија
-
У.бр.10/2019, У.бр.39/2019 и У.бр.24/2020
СЕ ОТФЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија
-
У.бр.104/2023
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на Упатството за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на одлуката за методологијата за управување со ликвидносниот ризик
-
У.бр.102/2023
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика
-
У.бр.144/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за начинот на вршење на стручната оцена (ревизија) на рударските проекти, донесен од министерот за економија
-
У.бр.106/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за изменување на Правилникот за содржината и начинот на подготовката на актите, за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор
-
У.бр.128/2023
СЕ ОТФРЛА барањето за преиспитување на Решението У.бр.12/2023 од 25.07.2023 година на Уставниот суд на Република Северна Македонија.