Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.146/2023
Скопје, 05.12.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 5 декември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.276 од 21 декември 2022 година.
Образложение
I
Кренар Лога од с.Ливади, Струга до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на Правилникот означен во диспозитивот на ова решение.
Според подносителот на иницијативата оспорениот акт е објавен спротивно на член 52 од Уставот, бидејќи од денот на неговото донесување до денот на неговото објавување изминале повеќе од седум дена со што не бил испочитуван уставно определениот рок за објавување на прописите.
Врз основа на наведеното се предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот акт.
II
На седницата Судот утврди дека со оспорениот правилник на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија се направени измени и дополнувања на основниот текст на Правилникот („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2015, 64/2015, 96/2015, 125/2015, 187/2016, 146/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 44/2019, 198/2019, 63/2020, 202/2020, 303/2020 и 217/2021). Правилникот има 7 члена и сите измени и дополнувања следуваат на начин што одделни одредби се бришат и дел се менуваат.
Во член 7 од Правилникот е определено дека истиот влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се објави по добивањето на согласност од министерот за здравство.
Правилникот е заведен со деловоден бр.02-17171/10 од 22 ноември 2022 година, а е објавен во наведеното гласило бр.276/2022 од 21 декември 2022 година.
III
Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Согласно член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 52 став 1 од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, а според став 2 од истиот член, законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека објавувањето на законите и другите прописи е во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.
Самото објавување на законите и другите прописи претставува чин на обнародување на тие акти и нивно ставање на увид на јавноста. Имено законот, а во конкретниот случај прописот со негово донесување, промулгирање (потпишување) и со објавување во службено гласило од јавен интерес, станува применлив акт.
Имајќи го предвид карактерот и значењето на објавувањето на законите и другите прописи, Уставот на Република Северна Македонија утврдил обврска, но и рок тие да се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” како службено гласило на Републиката.
Одредбата за објавувањето на законите и другите прописи во Уставот е предвидена во главата за основните слободи и права на човекот и граѓанинот и тоа во делот за гаранциите на основните слободи и права. Овој факт укажува дека Уставот, на објавувањето на законите и другите прописи не приоѓа како на техничко прашање, туку на прашање кое длабоко навлегува во уставните гаранции на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
Уставната гаранција за објавувањето на законите и другите прописи се афирмира токму преку одредување на временска рамка заради интензивирање на самата постапка на објавувањето.
Во конкретниот случај од приложената и прибавена документација, се утврди дека во уводот на оспорениот акт стои дека Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, оспорениот правилник го донел на седница на ден 15 ноември 2022 година, истиот е заведен во Фондот под бр.02-17171/10 од 22 ноември 2022 година. Актот е објавен на ден 21 декември 2022 година.
Во доставениот одговор од Фондот за здравствено осигурување, се укажува дека во процесот на донесување, давање согласност и објавување на општите акти коишто ги донесува Управниот одбор на Фондот се вклучени повеќе органи и институции и тоа: Управниот одбор на Фондот, министерот за здравство, Агенцијата за примена на јазикот и Службен весник на РСМ, што значи дека во некои случаи изминува подолг временски период од донесувањето на еден општ акт до неговото објавување во „Службен весник на РСМ“.
Оттаму, уставно определениот рок од седум дена од член 52 став 2 од Уставот за објавување на овој пропис истекол, имајќи предвид дека во член 7 од оспорениот правилник е предвидено влегување во сила со денот на објавување, а по добиена согласност од министерот за здравство, произлегува дека во овој случај има пречекорување на уставниот рок со оглед на денот кога е донесен актот и кога е објавен. Притоа, фактот што во овој случај станува збор за таканаречени врзани или условени акти или правилник чие влегување во сила и произведување правни последици е условено со добивање на согласност од министерот за здравство не го отстранува сомнението за повреда на член 52 став 2 од Уставот.
Врз основа на направената анализа, пред Судот основано се постави прашањето за согласност на оспорениот правилник со член 52 став 2 од Уставот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.146/2023
Shkup, 05.12.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 5 dhjetor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
INICOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Rregullores për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për përmbajtjen dhe mënyrën e realizimit të të drejtave dhe obligimeve të sigurimit të detyrueshëm shëndetësor, të publikuar në “Gaztën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.276 të 21 dhjetorit 2022.
Arsyetim
I
Krenar Lloga nga f. Livadhi, Strugë, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i parashtroi iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Rregullores së dhënë në diapozitivin e këtij aktvendimi.
Sipas parashtruesit të iniciativës, akti i kontestuar është publikuar në kundërshtim me nenin 52 të Kushtetutës, pasi nga dita e miratimit deri në ditën e publikimit kanë kaluar më shumë se shtatë ditë, me ç’rast nuk është respektuar afati i përcaktuar me Kushtetutë për publikimin e rregulloreve.
Në bazë të lartpërmendurës propozohet që Gjykata të iniciojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit të kontestuar.
II
Në seancë Gjykata konstatoi se me rregulloren e kontestuar të Fondit për Sigurim Shëndetësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut janë bërë ndryshime dhe plotësime në tekstin bazë të Rregullores („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr.18/2015, 64/2015, 96/2015, 125/2015, 187/2016, 146/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr. 44/2019, 198/2019, 63/2020, 202/2020, 303/2020 dhe 217/2021). Rregullorja i ka 7 nene dhe të gjitha ndryshimet dhe plotësimet pasojnë në atë mënyrë që disa dispozita fshihen dhe disa ndryshohen.
Neni 7 i Rregullores parasheh që ai hyn në fuqi ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, dhe do të publikohet pas marrjes së pëlqimit nga ministri i Shëndetësisë.
Rregullorja është e regjistruar me nr. 02-17171/10, më datë 22 nëntor 2022 dhe është botuar në Gazetën e lartpërmendur nr. 276/2022, më datë 21 dhjetor 2022.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sundimi i së drejtës është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 52 paragrafit 1 të Kushtetutës, ligjet dhe rregullat e tjera shpallen para se të hyjnë në fuqi, ndërsa sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, ligjet dhe rregullat e tjera shpallen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë”, më së voni brenda afatit prej shtatë ditësh nga dita e botimit të tyre.
Nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, rezulton se publikimi i ligjeve dhe rregulloreve të tjera është në funksion të garantimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si supozim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe personave të tjerë juridikë.
Vetë publikimi i ligjeve dhe rregulloreve të tjera është një akt i publikimit të këtyre akteve dhe i vënies në dispozicion të publikut. Domethënë, ligji, e në rastin konkret rregullorja me miratimin, shpalljen (nënshkrimin) dhe publikimin në një gazetë zyrtare me interes publik, bëhet akt i zbatueshëm.
Duke e marrë parasysh natyrën dhe rëndësinë e publikimit të ligjeve dhe rregulloreve të tjera, Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka përcaktuar obligim, por edhe afat që ato të publikohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” si lajmëtar zyrtar i Republikës.
Dispozita për botimin e ligjeve dhe rregulloreve të tjera në Kushtetutë është paraparë në kapitullin për liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe të qytetarit dhe në pjesën për garancitë e lirive dhe të drejtave themelore. Ky fakt tregon se Kushtetuta nuk i qaset botimit të ligjeve dhe rregulloreve të tjera si çështje teknike, por një çështje që depërton thellë në garancitë kushtetuese të lirive dhe të drejtave themelore të njeriut dhe qytetarit.
Garancia kushtetuese për publikimin e ligjeve dhe rregulloreve të tjera afirmohet pikërisht duke përcaktuar një afat kohor për intensifikimin e vetë procedurës së publikimit.
Në rastin konkret, nga dokumentacioni i bashkangjitur dhe i siguruar, është konstatuar se në hyrje të aktit kontestues thuhet se Këshilli Drejtues i Fondit për Sigurim Shëndetësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut i ka miratuar rregullat kontestuese në mbledhjen më 15 nëntor 2022, është regjistruar në Fond me nr.02-17171/10 më datë 22 nëntor 2022. Akti është publikuar më 21 dhjetor 2022.
Në përgjigjen e dorëzuar nga Fondi për Sigurim Shëndetësor, thuhet se në procesin e miratimit, dhënies së pëlqimit dhe publikimit të akteve të përgjithshme të miratuara nga Këshilli Drejtues i Fondit, janë përfshirë disa organe dhe institucione, përkatësisht: Këshilli Drejtues i Fondit, ministri i Shëndetësisë, Agjencia për Zbatimin e Gjuhës dhe Gazeta Zyrtare e RMV-së, që do të thotë se në disa raste kalon një periudhë më e gjatë kohore nga miratimi i një akti të përgjithshëm deri në botimin e tij në “Gazetën Zyrtare të RMV-së”.
Që aty, ka skaduar afati i përcaktuar me Kushtetutë prej shtatë ditësh nga neni 52 paragrafi 2 i Kushtetutës për botimin e kësaj rregulloreje, duke pasur parasysh se në nenin 7 të rregullores së kontestuar është paraparë hyrja në fuqi në ditën e publikimit dhe pas marrjes së pëlqimit nga ministri i Shëndetësisë, rezulton se në këtë rast ka tejkalim të afatit kushtetues duke e pasur parasysh ditën kur është miratuar akti dhe kur është publikuar. Për më tepër, fakti që në këtë rast bëhet fjalë për akte ose rregullore të ashtuquajtura detyruese ose të kushtëzuara, hyrja në fuqi dhe sjellja e pasojave juridike e së cilave kushtëzohet me marrjen e pëlqimit nga ministri i Shëndetësisë, nuk e largon dyshimin për shkelje të nenit 52 paragrafit 2 të Kushtetutës.
Në bazë të analizës së bërë, para Gjykatës u shtrua çështja e pajtueshmërisë së rregulloreve të kontestuara me nenin 52 paragrafin 2 të Kushtetutës.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska