У.бр.10/2019, У.бр.39/2019 и У.бр.24/2020


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.10/2019
У.бр.39/2019
У.бр.24/2020
Скопје,14.11. 2023 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14 ноември 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

СЕ ОТФЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 6/2019).

Образложение

I

До Уставниот суд на Република Северна Македонија Светскиот македонски конгрес од Скопје и Солза Грчева и други, од Скопје, поднесоа иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста на актот означен во диспозитивот на ова решение.

Според наводите во иницијативите оспорената одлука не е во согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 11, член 51, член 52, член 75, член 118, член 119, член 131, член 133 и член 134 од Уставот на Република Северна Македонија. Во продолжение на иницијативите се цитираат во целост содржините на наведените уставни одредби, како и содржината на оспорената одлука и целината на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Врз основа на цитираните уставни одредби подносителите на иницијативите заклучуваат дека Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија е во спротивност со член 8 став 1 алинеите 3 и 11 од Уставот бидејќи со истата се нарушува владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Македонија, како и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.

Според наводите во иницијативите во ставот 2 од Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 6/2019), било утврдено дека Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија влегува во сила со влегувањето во сила на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија. А во Одлуката за прогласување на амандманите на XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија пишува дека влегуваат во сила откако ќе влезе во сила мегународен договор кој не е ратификуван во согласност со Уставот на Република Северна Македонија.

Имено, во член 1 став 1 од Уставниот закон, амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија влегуваат во сила откако ќе влезе во сила Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ќе се изврши ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на Република Грција.

Според подносителите на иницијативите член 1 став 2 од Уставниот закон е проблематичен, бидејќи амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија не произведуваат правно дејство, не влегувааат во сила и истите се неважечки доколку веднаш не се исполнети условите утврдени во ставот 1 на членот 1 на Одлуката. „Веднаш“, според подносителите на иницијативите, е неопределено време и не означува точен, прецизен рок за спроведување.

Подносителите на иницијативите сметаат дека Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 6/2019) не е во согласност со Уставот, односно и со член 51 од Уставот на Република Северна Македонија, бидејќи сите прописи мора да бидат во согласност со Уставот и со закон и секој е должен нив да ги почитува.

Понатаму, во иницијативите се наведува дека со член 52 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија се предвидува дека законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила. Во согласност со член 52 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.

Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 6/2019) влегува во сила со влегувањето во сила на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, а амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија влегуваат во сила со влегувањето во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, и со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на Република Грција.

Според наводите во иницијативите, вообичаено Одлука за прогласување на Уставен закон за спроведување на Уставот на Република Македонија или Одлука за прогласување на Уставен закон за спроведување на амандмани на Уставот на Република Македонија се објавува пред да влезе во сила, а влегува во сила со денот на нејзиното донесување, додека Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија односно Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Северна Македонија влегуваат во сила со денот на нивното прогласување.

Така било случај со Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 52/1991). Потоа, така било и со Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите XX – XXX на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 107/2005).

Меѓутоа, Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 6/2019), (предмет на оспорување со поднесените иницијативи) не влегува во сила со нејзиното донесување, а амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија не влегуваат во сила со денот на нивното прогласување, туку влегувааат во сила во идно неопределено време: (1) Со влегувањето во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, и со (2) ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на Република Грција.

Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, и ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на Република Грција стапуваат во сила откако ќе ги ратификува Парламентот на странска држава – Република Грција, што било преседан во меѓународното право.

Понатаму, Собранието на седницата одржана на 11 јануари 2019 година ги донесе амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија заради примена на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, скпучена на 17 јуни 2018 година меѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и на Република Грција, Никос Коѕиас, иако овој меѓународен договор не бил дел од внатрешниот правен поредок на државата, бидејќи не бил ратификуван во согласност со Уставот.

Имено, според подносителите на иницијативите овој меѓународен договор не е склучен од претседателот на Републиката, туку од министерот за надворешни работи кој немал активна легитимација и надлежност, што било во спротивност со член 118 и член 119 од Уставот на Република Северна Македонија; претседателот на Републиката не го потпишал указот за прогласување на Законот за ратификација на овој меѓународен договор, ниту при првото гласање во Собранието на 20 јуни 2018 година ниту при повторното гласање на 5 јули 2018 година, што било во спротивност со член 119 став 1 од Уставот на Република Македонија; Законот за ратификација на овој меѓународен договор не бил објавен во „Службен весник на Република Македонија“ и не бил во сила, што е спротивно со член 52 од Уставот на Република Северна Македонија и со член 75 од Уставот на Република Северна Македонија, бидејќи Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Овој меѓународен договор е ништовен, бидејќи е во спротивност со Виенската конвенција за договорно право од 23 март 1969 година, односно е во судир со императивната норма jus cogens на општото меѓународно право.

Според наводите во иницијативите, Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 6/2019) е во спротивност и со член 133 и член 134 од Уставот на Република Северна Македонија, бидејќи истата треба да влезе во сила со денот на влегувањето во сила на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, а во текстот на Уставниот закон пишува дека тој влегува во сила со влегувањето во сила на уставните амандмани.

Имајќи го предвид сето горенаведено, од Уставниот суд на Република Северна Македонија се бара да се поништи Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 6/2019), донесена од Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 11 јануари 2019 година, бидејќи не е во согласност со член 8 став 1 алинеите 3 и 11, член 51, член 52, член 75 ставовите 1 и 2, член 118, член 119, член 131 став 5, член 133 и член 134 од Уставот на Република Северна Македонија, а до донесувањето на конечната одлука, на Уставниот суд му предлагаат да донесе Решение за времена мерка со запирање од извршување на поединечните акти и дејствија превземени врз основа на оспорената одлука, поради ризик од штетни последици од измената на Уставот по името на државата и идентитетот на нацијата и правата и слободите на граѓаните. Исто така, од Уставниот суд на Република Македонија бараат одржување на подготвителна и јавна седница по овие иницијативи.

II

На седницата Судот утврди дека во воведот на оспорената одлука се наведува дека Одлуката се донесува врз основа на член 133 став 3 од Уставот на Република Македонија, на седницата на Собранието на Република Македонија одржана на 11 јануари 2019 година.

Според став 1 од Одлуката, се прогласува Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 јануари 2019 година.

Во ставот 2 од Одлуката е предвидено дека Уставниот закон за спроведување на амандманите XXXIII – XXXVI од Уставот на Република Македонија влегува во сила со влегувањето во сила на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

III

Според член 8 став 1 алинеи 3 и 11 од Уставот, владеењето на правото и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Согласно член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 52 од Уставот, законите и сите други прописи се објавуваат пред да влезат во сила. Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување. Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето. Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

Член 131 од Уставот предвидува дека одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Нацртот на измената на Уставот го утврдува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна дискусија. Одлука за измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлука за измена на Преамбулата, членовите за локална самоуправа, член 131, која било одредба што се однесува на правата на припадниците на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлуката за додавање која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие членови, ќе биде потребно двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Северна Македонија. Измената на Уставот ја прогласува Собранието.

Според член 133 од Уставот, за спроведување на Уставот ќе се донесе уставен закон. Уставниот закон се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Уставниот закон го прогласува Собранието и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставот.

Член 134 од Уставот предвидува дека овој устав влегува во сила со денот на прогласувањето од Собранието на Република Македонија.

Од изнесените уставни одредби произлегува дека постапката за измена на Уставот на Република Северна Македонија опфаќа пет фази: прво, давање предлог за пристапување кон измена на Уставот; второ, донесување одлука за пристапување кон измена на Уставот; трето, утврдување на нацрт на актот и негово ставање на јавна дискусија; четврто, утврдување на предлог на актот и петто, одлучување и прогласување на уставната измена од страна на Собранието на Република Северна Македонија.

Одлуката за измена на Уставот ја донесува Собранието на Република Северна Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Пред усвојувањето се води начелна дебата за предлогот на актот и конкретна дебата за секој член одделно. Притоа, пратениците имаат право да предлагаат амандмани за подобрување на предлогот на актот или за измена на предложениот текст.

Веднаш по усвојувањето на уставната измена, Собранието донесува одлука за прогласување на уставната измена. Одлуката се донесува со двотретинско мнозинство гласови, исто како и уставната измена. Уставната измена во Република Северна Македонија влегува во сила веднаш по нејзиното прогласување. Одлуката за прогласување на уставната измена јавно ја соопштува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. За влегување во сила на уставната измена, значи, не се бара vacatio constitutionis како што се бара vacatio legis како услов за влегување на законите во сила.

Оттука, произлегува дека уставниот закон за спроведување на Уставот се разликува од законите кои Собранието ги носи согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот.

Имено, овие закони, согласно член 75 од Уставот, се прогласуваат со указ кој го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието, и истите согласно член 52 став 1 од Уставот, се објавуваат пред да влезат во сила, при што влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.

Уставниот закон, пак, го прогласува Собранието, исто како и измената на Уставот, и влегува во сила истовремено со прогласување на Уставот, од каде произлегува дека за уставниот закон, како и за Уставот, не важи правилото vacatio legis.

Уставот на Република Северна Македонија предвидува донесување само на уставен закон за спроведување на Уставот и не предвидува да се донесуваат други закони кои во својот назив го содржат зборот „уставен“.

Од донесувањето на Уставот на Република Северна Македонија до денес, донесени се 36 амандмани на Уставот, и донесени се четири уставни закони, и тоа: Уставен закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.52/1991), Уставен закон за изменување и дополнување на Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.4/1992), Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.107/2005) и Уставен закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2019).

Според член 110 од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот, исто така, одлучува и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Од наведената уставна одредба произлегува дека Уставот не утврдува надлежност на Уставниот суд да ја оценува уставноста на уставен закон кој се носи за спроведување на Уставот.

Во согласност со член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Оттука, според Судот оспорената Одлука за прогласување на Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија не претставува акт за кој Уставниот суд има надлежност да се впушти во уставно-судска анализа. Ова од причина што Одлуката за прогласување на Уставниот закон е една од фазите во носење на законите, во себе не содржи уредувања на права и обврски за граѓаните, туку само е придружен акт со кој се потврдува, декларира, преку потписот на претседателот на Собранието дека еден закон е донесен по спроведена собраниска процедура и истиот може да се објави. Од овие причини Судот оцени дека Одлуката не е пропис, подобен за уставно-судска анализа. Впрочем, ова е став на Судот изразен во повеќе предмети на Судот, меѓу кои и предметот У.бр.14/2020 година.

Имајќи го предвид наведеното, Судот оцени дека иницијативите за оценување на уставноста на Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија треба да биде отфрлена согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд, поради ненадлежност на Уставниот суд да одлучува за тоа прашање.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.10/2019
U.nr.39/2019
U.nr.24/2020
Shkup,14.11. 2023

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 1 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14 nëntor 2023, miratoi

A K T V E N D I M

REFUZOHEN Iniciativat për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Vendimit për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 6/2019).

Arsyetim

I

Në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Kongresi Botëror i Maqedonisë nga Shkupi dhe Sollza Gërçeva dhe të tjerë nga Shkupi, parashtruan iniciativa për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit të përcaktuar në dispozitivin e këtij aktvendimi.

Sipas pretendimeve të iniciativave, vendimi i kontestuar nuk është në përputhje me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 11, nenin 51, nenin 52, nenin 75, nenin 118, nenin 119, nenin 131, nenin 133 dhe nenin 134 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut. Në vazhdim të iniciativave citohen në tërësi përmbajtjet e dispozitave të cituara kushtetuese, si dhe të përfshira në vendimin e kontestuar dhe tërësia e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë.

Në bazë të dispozitave kushtetuese të cituara, parashtruesit e iniciativave konstatojnë se Vendimi për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë është në kundërshtim me nenin 8, paragrafi 1, alinetë 3 dhe 11 të Kushtetutës sepse cenohet sundimi i së drejtës dhe siguria juridike e qytetarëve të Republikës së Maqedonisë, si dhe respektimi i normave të pranuara të së drejtës ndërkombëtare.

Sipas pohimeve në iniciativat në paragrafin 2 të Vendimit për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 6/2019), u konstatua se Ligji kushtetues për zbatimin e amandamenteve nga XXXIII në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut hyn në fuqi me hyrjen në fuqi të amendamenteve XXXIII, XXXIV, XXXV dhe XXXVI të Kushtetutës së Republika e Maqedonisë së Veriut. Ndërsa në Vendimin për shpalljen e ndryshimeve në XXXIII, XXXIV, XXXV dhe XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, shkruhet se ato hyjnë në fuqi pas hyrjes në fuqi të marrëveshjes ndërkombëtare që nuk është ratifikuar në përputhje me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Përkatësisht, në nenin 1 paragrafi 1 të Ligjit kushtetues, amendamentet XXXIII, XXXIV, XXXV dhe XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut hyjnë në fuqi pas hyrjes në fuqi të Marrëveshjes përfundimtare për zgjidhjen e dallimeve të përshkruara në rezolutat 817 (1993) dhe 845 (1993) të Këshillit të Sigurimit të Kombeve të Bashkuara, për përfundimin e vlefshmërisë së Marrëveshjes së përkohshme nga viti 1995 dhe për vendosjen e partneritetit strategjik ndërmjet palëve dhe do të kryhet ratifikimi i Protokollit për anëtarësimin e Maqedonisë në NATO nga Republika e Greqisë.

Sipas parashtruesve të iniciativave, neni 1 paragrafi 2 i Ligjit kushtetues është problematik, për shkak se amendamentet nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut nuk prodhojnë efekt juridik, nuk hyjnë në fuqi dhe janë të pavlefshme nëse nuk plotësohen menjëherë kushtet e përcaktuara në paragrafin 1 të nenit 1 të Vendimit. “Menjëherë”, sipas parashtruesve të iniciativave, është një kohë e pacaktuar dhe nuk tregon një afat të saktë dhe preciz për zbatim.

Parashtruesit e iniciativave konsiderojnë se Vendimi për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 6/2019) nuk është në pajtim me Kushtetutën, gjegjësisht edhe me nenin 51 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, për shkak se të gjitha rregullat duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili është i obliguar t’i respektojë ato.

Më tej, në iniciativat thuhet se neni 52 paragrafi 1 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut parasheh që ligjet dhe rregullat tjera të publikohen para se të hyjnë në fuqi. Në pajtim me nenin 52 paragrafi 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, ligjet hyjnë në fuqi jo më herët se dita e tetë nga dita e publikimit, dhe me përjashtim të cilin e përcakton Kuvendi, në ditën e publikimit.

Ligji kushtetues për zbatimin e ndryshimeve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 6/2019) hyn në fuqi me hyrjen në fuqi të amendamenteve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë dhe amendamentet nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë hyjnë në fuqi me hyrjen në fuqi të Marrëveshjes përfundimtare për zgjidhjen e dallimeve të përshkruara në rezolutat 817 (1993) dhe 845 (1993) të Këshillit të Sigurimit të Kombeve të Bashkuara, për përfundimin e vlefshmërisë së Marrëveshjes së përkohshme nga viti 1995 dhe për krijimin e një partneriteti strategjik ndërmjet palëve, dhe me ratifikimin e Protokollit për anëtarësimin e Maqedonisë në NATO nga ana e Republikës së Greqisë.

Sipas pohimeve në iniciativat, zakonisht Vendim për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë ose Vendim për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë publikohet para se të hyjë në fuqi, dhe hyn në fuqi me ditën e miratimit të tij, ndërsa Ligji kushtetues për zbatimin e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë, gjegjësisht Ligji kushtetues për zbatimin e amendamenteve të Kushtetutës të Republikës së Maqedonisë së Veriut hyjnë në fuqi në ditën e shpalljes së tyre.

Kështu ka qenë rasti me Vendimin për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 52/1991). Pastaj ka qenë rasti edhe me Vendim për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve XX – XXX të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 107/2005).

Megjithatë, Vendimi për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 6/2019), (lëndë kontestimi me iniciativat e parashtruara) nuk hyn në fuqi me miratimin e tij, dhe amendamentet XXXIII, XXXIV, XXXV dhe XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë nuk hyjnë në fuqi me ditën e shpalljes së tyre, por hyjnë në fuqi në një të ardhme të pacaktuar: (1) Me hyrjen në fuqi të Marrëveshjes Përfundimtare për zgjidhjen e dallimeve të përshkruara në rezolutat 817 (1993) dhe 845 (1993) të Këshillit të Sigurimit të Kombeve të Bashkuara, për përfundimin e vlefshmërisë së Marrëveshjes së Përkohshme të vitit 1995 dhe për krijimin e një partneriteti strategjik ndërmjet palëve, dhe me (2) ratifikimin e Protokollit për anëtarësimin e Maqedonisë në NATO nga Republika e Greqisë.

Marrëveshja përfundimtare për zgjidhjen e dallimeve të përshkruara në rezolutat 817 (1993) dhe 845 (1993) të Këshillit të Sigurimit të Kombeve të Bashkuara, për përfundimin e vlefshmërisë së Marrëveshjes së Përkohshme të vitit 1995 dhe vendosjen e një partneriteti strategjik ndërmjet palëve, dhe ratifikimi i Protokollit për aderimin e Maqedonisë në NATO nga Republika e Greqisë hyjnë në fuqi pasi Parlamenti i një vendi të huaj – Republika e Greqisë – i ratifikon ato, gjë që ishte një presedent në të drejtën ndërkombëtare.

Po ashtu, në seancën e mbajtur më 11 janar 2019, Kuvendi i miratoi amendamentet XXXIII, XXXIV, XXXV dhe XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë me qëllim të zbatimit të Marrëveshjes përfundimtare për zgjidhjen e dallimeve të përshkruara në rezolutat 817 ( 1993) dhe 845 (1993) të Këshillit për Sigurinë e Kombeve të Bashkuara, për përfundimin e vlefshmërisë së Marrëveshjes së Përkohshme të vitit 1995 dhe për krijimin e një partneriteti strategjik ndërmjet palëve, të lidhur më 17 qershor 2018 ndërmjet ministrave të Punëve të Jashtme të Republikës së Maqedonisë, Nikolla Dimitrov dhe i Republikës së Greqisë, Nikos Koxias, edhe pse kjo marrëveshje ndërkombëtare nuk ishte pjesë e rendit të brendshëm juridik të shtetit, sepse nuk është ratifikuar në përputhje me Kushtetutën.

Konkretisht, sipas parashtruesve të iniciativave, kjo marrëveshje ndërkombëtare nuk është lidhur nga Presidenti i Republikës, por nga Ministri i Punëve të Jashtme i cili nuk ka pasur identifikim dhe kompetencë aktive, gjë që binte në kundërshtim me nenin 118 dhe nenin 119 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut; Presidenti i Republikës nuk e ka nënshkruar dekretin për shpalljen e Ligjit për ratifikimin e kësaj marrëveshjeje ndërkombëtare, as në votimin e parë në Kuvend më 20 qershor 2018 dhe as në votimin e dytë më 5 korrik 2018, që ka qenë në kundërshtim me nenin 119 paragrafi 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë; Ligji për ratifikimin e kësaj marrëveshjeje ndërkombëtare nuk është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” dhe nuk ka qenë në fuqi, gjë që është në kundërshtim me nenin 52 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe me nenin 75 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sepse Dekretin për shpalljen e ligjeve e nënshkruajnë Presidenti i Republikës dhe Kryetari i Kuvendit. Kjo marrëveshje ndërkombëtare është e pavlefshme, sepse bie ndesh me Konventën e Vjenës për të Drejtën Kontraktuese të datës 23 mars 1969, respektivisht bie ndesh me normën imperative jus cogens të së drejtës së përgjithshme ndërkombëtare.

Sipas pohimeve në iniciativat, Vendimi për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 6/2019) është edhe në kundërshtim me nenin 133 dhe nenin 134 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sepse duhet të hyjë në fuqi në datën e hyrjes në fuqi të amendamenteve XXXIII, XXXIV, XXXV dhe XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe në tekstin e ligjit kushtetues shkruhet se ai hyn në fuqi me hyrjen në fuqi të amendamenteve kushtetuese .

Duke marrë parasysh të gjitha sa më sipër, kërkohet nga Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut ta anulojë Vendimin për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e ndryshimeve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republika e Maqedonisë” numër 6/2019), i miratuar nga Kuvendi i Republikës së Maqedonisë në seancën e mbajtur më 11 janar 2019, sepse nuk është në pajtim me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 11, nenin 51, neni 52, neni 75 pararagrafët 1 dhe 2, neni 118, neni 119, neni 131 paragrafi 5, neni 133 dhe neni 134 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe deri në miratimin e vendimit përfundimtar, Gjykatës Kushtetuese i propozojnë të merrë Aktvendim për masën e përkohshme me ndalimin e realizimit të akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të vendimit të kontestuar, për shkak të rrezikut të pasojave të dëmshme nga ndryshimi i Kushtetutës sipas emrit të shtetit dhe identitetit të nacionalitetit dhe të drejtat dhe liritë e qytetarëve. Gjithashtu, kërkojnë nga Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë që pas këtyre iniciativave të mbajë seancë përgatitore dhe publike.

II

Gjykata në seancë konstatoi se në hyrje të vendimit të kontestuar thuhet se Vendimi është miratuar në bazë të nenit 133 paragrafi 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë, në seancën e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë të mbajtur më 11 janar 2019.

Sipas paragrafit 1 të Vendimit, shpallet Ligji kushtetues për zbatimin e amendamenteve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë, që Kuvendi i Republikës së Maqedonisë e miratoi në seancën e mbajtur më 11 janar 2019.

Në paragrafin 2 të Vendimit është përcaktuar se Ligji kushtetues për zbatimin e amendamenteve XXXIII – XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë hyn në fuqi me hyrjen në fuqi të amendamenteve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1, paragrafët 3 dhe 11 të Kushtetutës, sundimi i së drejtës dhe respektimi i normave përgjithësisht të pranuara të së drejtës ndërkombëtare janë një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 52 të Kushtetutës, ligjet dhe të gjitha aktet nënligjore botohen para se të hyjnë në fuqi. Ligjet dhe rregullat tjera botohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni në afat prej shtatë ditësh nga dita e miratimit të tyre. Ligjet hyjnë në fuqi më së shpejti ditën e tetë nga dita e publikimit, dhe me përjashtim të përcaktuar nga Kuvendi, në ditën e publikimit. Ligjet dhe rregullat tjera nuk mund të kenë fuqi prapavepruese, përveç përjashtimit, në rastet kur është më e favorshme për qytetarët.

Neni 131 i Kushtetutës përcakton se vendim për qasje në ndryshimin e Kushtetutës merr Kuvendi me shumicën e dy të tretave të numrit të përgjithshëm të deputetëve. Draft ndryshimin e Kushtetutës e përcakton Kuvendi me shumicën e votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve dhe shtrohet për diskutim publik. Vendimin për ndryshimin e Kushtetutës e miraton Kuvendi me shumicën e dy të tretave të votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve. Vendim për ndryshimin e Preambulës, Neneve për Vetëqeverisjen Lokale, Neni 131, cila do qoftë dispozitë që ka të bëjë me të drejtat e pjesëtarëve të komuniteteve, duke përfshirë në veçanti nenet 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 dhe 109, si dhe vendimi për shtimin e cilës do dispozite të re që ka të bëjë me lëndën e atyre dispozitave dhe atyre neneve, do të ketë nevojë për dy të tretën e shumicës së votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve ku duhet të ketë shumicë votash nga numri i përgjithshëm i deputëve që u takojnë bashkësive që nuk janë shumicë në Republikën e Maqedonisë së Veriut. Ndryshimin e Kushtetutës e shpall Kuvendi.

Sipas nenit 133 të Kushtetutës, do të miratohet një ligj kushtetues për zbatimin e Kushtetutës. Ligji kushtetues miratohet me shumicën e dy të tretave të votave të numrit të përgjithshëm të deputetëve. Ligji kushtetues shpallet nga Kuvendi dhe hyn në fuqi njëkohësisht me shpalljen e Kushtetutës.

Neni 134 i Kushtetutës përcakton se kjo kushtetutë hyn në fuqi ditën e shpalljes nga Kuvendi i Republikës së Maqedonisë.

Nga dispozitat e paraqitura kushtetuese del se procedura për ndryshimin e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut përfshin pesë faza: së pari, propozimi për qasje në ndryshimin e Kushtetutës; së dyti, marrja e vendimit për qasje në ndryshimin e Kushtetutës; së treti, përcaktimi i draftit të aktit dhe vënia e tij për diskutim publik; së katërti, përcaktimi i propozimit të aktit dhe e pesta, vendosja dhe shpallja e ndryshimit kushtetues nga Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Vendimin për ndryshimin e Kushtetutës e miraton Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut me shumicë prej dy të tretave të numrit të përgjithshëm të deputetëve. Para miratimit, bëhet një debat në parim për propozimin e aktit dhe një debat konret për secilin nen veç e veç. Në të njëjtën kohë, deputetët kanë të drejtë të propozojnë amendamente për të përmirësuar propozimin e aktit ose për të ndryshuar tekstin e propozuar.

Menjëherë pas miratimit të ndryshimit kushtetues, Kuvendi merr vendim për shpalljen e ndryshimit kushtetues. Vendimi merret me dy të tretat e votave, ashtu si edhe ndryshimi kushtetues. Ndryshimi kushtetues në Republikën e Maqedonisë së Veriut hyn në fuqi menjëherë pas shpalljes. Vendimin për shpalljen e ndryshimit kushtetues e shpall publikisht Kryetari i Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut. Për hyrjen në fuqi të ndryshimit kushtetues, pra, nuk kërkohet vacatio constitutionis siç kërkohet vacatio legis si kusht për hyrjen në fuqi të ligjeve.

Nga kjo del se ligji kushtetues për zbatimin e Kushtetutës dallon nga ligjet e miratuara nga Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës.

Gjegjësisht, këto ligje, në pajtim me nenin 75 të Kushtetutës, shpallen me dekret të nënshkruar nga Presidenti i Republikës dhe Kryetari i Kuvendit, dhe në pajtim me nenin 52 paragrafi 1 të Kushtetutës, shpallen para hyrjes së tyre në fuqi dhe hyjnë në fuqi më së voni ditën e tetë nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, dhe me përjashtim të cilin e përcakton Kuvendi, me ditën e publikimit.

Ligji kushtetues, nga ana tjetër, shpallet nga Kuvendi, njësoj si ndryshimi Kushtetutës dhe hyn në fuqi njëkohësisht me shpalljen e Kushtetutës, nga ku rezulton se rregulli i vacatio legis nuk zbatohet për ligjin kushtetues si dhe për Kushtetutën.

Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut parasheh miratimin vetëm të ligjit kushtetues për zbatimin e Kushtetutës dhe nuk parasheh miratimin e ligjeve të tjera që në titullin e tyre përmbajnë fjalën “kushtetuese”.

Nga miratimi i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut e deri më sot, janë miratuar 36 amendamente të Kushtetutës dhe janë miratuar katër ligje kushtetuese edhe atë: Ligji kushtetues për zbatimin e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Zyrtare Gazeta e Republikës së Maqedonisë” nr. 52/1991 ), Ligji kushtetues për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit kushtetues për zbatimin e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 4/1992 ), Ligji kushtetues për zbatimin e amendamenteve nga XX deri në XXX të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 107/2005) dhe Ligji kushtetues për zbatimin e amendamenteve XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 6/2019).

Sipas nenit 110 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese vendos për harmonizimin e ligjeve me Kushtetutën, vendos edhe për harmonizimin e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Nga dispozita kushtetuese e përmendur rezulton se Kushtetuta nuk përcakton kompetencën e Gjykatës Kushtetuese për të vlerësuar kushtetutshmërinë e një ligji kushtetues që miratohet për zbatimin e Kushtetutës.

Në pajtim me nenin 28 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse nuk është kompetente për të vendosur për kërkesën.

Prandaj, sipas Gjykatës, Vendimi i kontestuar për shpalljen e ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë nuk paraqet akt për të cilin Gjykata Kushtetuese ka kompetencë të hyjë në analiza kushtetuese-gjyqësore. Kjo për faktin se Vendimi për shpalljen e Ligjit Kushtetues është një nga fazat e miratimit të ligjeve, ai nuk përmban rregullore për të drejtat dhe obligimet e qytetarëve, por është vetëm akt shoqërues i cili vërteton, deklaron, përmes nënshkrimit të Kryetarit të Kuvendit, se ligji është miratuar në procedurë parlamentare dhe ai mund të shpallet. Për këto arsye, Gjykata vlerësoi se Vendimi nuk është një rregull i përshtatshëm për analizë kushtetuese-gjyqësore. Kryesisht, ky është qëndrimi i Gjykatës i shprehur në disa lëndë të Gjykatës, përfshirë lëndën U. nr.14/2020.

Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata konsideroi se iniciativat për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Vendimit për shpalljen e Ligjit kushtetues për zbatimin e amendamenteve XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë duhet të refuzohen në pajtim me nenin 28 alineja 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, për shkak të mungesës së kompetencës së Gjykatës Kushtetuese për të vendosur për atë çështje.

IV

Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska