Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.153/2023
Скопје,14.11.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14 ноември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и методологијата за утврдување референтни цени на лекови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/2023), донесен од Фондот за здравстено осигурување на Република Северна Македонија.
Образложение
I
Кренар Лога од с.Ливади, Струга, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на Правилникот означен во диспозитивот на ова решение.
Според подносителот на иницијативата оспорениот акт е објавен спротивно на член 52 од Уставот, бидејќи од денот на неговото донесување до денот на неговото објавување изминале повеќе од седум дена со што не бил испочитуван уставно определениот рок за објавување на прописите.
Врз основа на наведеното се предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот акт.
II
На седницата Судот утврди дека со оспорениот правилник на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија се направени измени и дополнувања на основниот текст на Правилникот („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/2009) и трите измени и дополнувања што следуваат на начин што одделни одредби се бришат, дел се дополнуваат и се врши појаснување на одделни изрази како на пример: референтна цена, дополнителни критериуми за определување на референтна цена, просечна споредбена цена и слично.
Во член 10 од Правилникот е определено дека истиот влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се објави по добивањето на согласност од министерот за здравство.
Правилникот е заведен со деловоден бр.02-4539/2 од 10 март 2023 година, а е објавен во наведеното гласило бр.77/2023 од 10.04.2023 година.
III
Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 52 став 1 од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, а според став 2 од истиот член, законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека објавувањето на законите и другите прописи е во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.
Самото објавување на законите и другите прописи претставува чин на обнародување на тие акти и нивно ставање на увид на јавноста. Имено законот, а во конкретниот случај прописот со негово донесување, промулгирање (потпишување) и со објавување во службено гласило од јавен интерес, станува применлив акт.
Имајќи го предвид карактерот и значењето на објавувањето на законите и другите прописи, Уставот на Република Северна Македонија утврдил обврска, но и рок тие да се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” како службено гласило на Републиката.
Одредбата за објавувањето на законите и другите прописи во Уставот е предвидена во главата за основните слободи и права на човекот и граѓанинот и тоа во делот за гаранциите на основните слободи и права. Овој факт укажува дека Уставот, на објавувањето на законите и другите прописи не приоѓа како на техничко прашање, туку на прашање кое длабоко навлегува во уставните гаранции на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
Уставната гаранција за објавувањето на законите и другите прописи се афирмира токму преку одредување на временска рамка заради интензивирање на самата постапка на објавувањето.
Во конкретниот случај од приложената и прибавена документација неспорно е дека во оспорениот акт не е означен датум на носење, но истиот е заведен во Фондот под бр.02-4539/2 од 10 март 2023 година, согласноста од министерот за здравство е примена во Фондот на 28.03.2023 година, следи барање од Фондот од истиот датум за лекторирање на веќе преведени текстови на актот пред да биде објавен, лекторираниот текст е примен во Фондот на 31 март 2023 година и на овој датум со писмо 02-4539/2 е доставен до „Службен весник на Република Северна Македонија“. Актот е објавен на 10.04.2023 година.
Оттаму, сметано од донесување на актот, уставно определениот рок од седум дена од член 52 став 2 од Уставот за објавување на овој пропис истекол на 17.03.2023 година. Судот имаше предвид дека во член 10 од оспорениот правилник е предвидено влегување во сила со денот на објавување, а по добиена согласност од министерот за здравство, што е сторено на 28.03.2023 година, но сметано и од овој датум изминале повеќе од седум дена согласно уставната одредба бидејќи седмиот ден паѓа на 04.04.2023 година, а актот е објавен на 10.04.2023 година. Според тоа околноста што во овој случај станува збор за таканаречени врзани или условени акти или правилник чие влегување во сила и произведување правни последици е условено со добивање на согласност од министерот за здравство не го отстранува сомнението за повреда на член 52 став 2 од Уставот.
Врз основа на направената анализа, пред Судот основано се постави прашањето за согласноста на оспорениот правилник со член 8 став 1 алинеја 3, член 51 и член 52 став 2 од Уставот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.153/2023
Shkup,14.11.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14 nëntor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
INICOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Rregullores për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për mënyrën e metodologjisë për përcaktimin e çmimeve referente të barërave (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 77/2023), miratuar nga Fondi për Sigurim Shëndetësor i Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Arsyetim
I
Krenar Lloga nga f. Livadhi, Strugë, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i parashtroi iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Rregullores së dhënë në dispozitivin e këtij aktvendimi.
Sipas parashtruesit të iniciativës, akti i kontestuar është publikuar në kundërshtim me nenin 52 të Kushtetutës, pasi nga dita e miratimit deri në ditën e publikimit kanë kaluar më shumë se shtatë ditë, me ç’rast nuk është respektuar afati i përcaktuar me Kushtetutë për publikimin e rregulloreve.
Në bazë të lartpërmendurës propozohet që Gjykata të iniciojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit të kontestuar.
II
Në seancë Gjykata konstatoi se me rregulloren e kontestuar të Fondit për Sigurim Shëndetësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut janë bërë ndryshime dhe plotësime në tekstin bazë të Rregullores („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr.158/2009) dhe tre ndryshimet dhe plotësimet që pasojnë në një mënyrë që disa dispozita të caktuara fshihen, një pjesë plotësohen dhe bëhet sqarim i disa shprehjeve të caktuara si për shembull: çmimi referent, kriteret shtesë për përcaktimin e një çmimi referent, çmimi mesatar i krahasimit, etj.
Neni 10 i Rregullores parasheh se ajo hyn në fuqi ditën e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, ndërsa do të botohet pas marrjes së pëlqimit nga ministri i Shëndetësisë.
Rregullorja është regjistruar me nr. 02-4539/2, më datë 10 mars 2023 ndërsa është botuar në Gazetën e lartpërmendur nr. 77/2023, më datë 10 prill 2023.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sundimi i së drejtës është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregulloret e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 52 paragrafi 1 i Kushtetutës, ligjet dhe dispozitat e tjera botohen para hyrjes në fuqi, ndërsa sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, ligjet dhe dispozitat e tjera botohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni brenda shtatë ditëve nga dita e miratimit të tyre.
Nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, del se publikimi i ligjeve dhe rregulloreve të tjera është në funksion të garantimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si supozim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe personave të tjerë juridikë.
Vetë publikimi i ligjeve dhe rregulloreve të tjera është një akt i publikimit të këtyre akteve dhe i vënies në dispozicion të publikut. Domethënë, ligji, e në rastin konkret rregullorja me miratimin, shpalljen (nënshkrimin) dhe publikimin në një gazetë zyrtare me interes publik, bëhet akt i zbatueshëm.
Duke e marrë parasysh natyrën dhe rëndësinë e publikimit të ligjeve dhe rregulloreve të tjera, Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka përcaktuar obligim, por edhe afat që ato të publikohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” si lajmëtar zyrtar i Republikës.
Dispozita për botimin e ligjeve dhe rregulloreve të tjera në Kushtetutë është paraparë në kapitullin për liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe të qytetarit dhe në pjesën për garancitë e lirive dhe të drejtave themelore. Ky fakt tregon se Kushtetuta nuk i qaset botimit të ligjeve dhe rregulloreve të tjera si çështje teknike, por një çështje që depërton thellë në garancitë kushtetuese të lirive dhe të drejtave themelore të njeriut dhe qytetarit.
Garancia kushtetuese për publikimin e ligjeve dhe rregulloreve të tjera afirmohet pikërisht duke përcaktuar një afat kohor për intensifikimin e vetë procedurës së publikimit.
Në rastin konkret, nga dokumentacioni i bashkangjitur dhe i siguruar është e pakontestueshme se në aktin kontestues nuk është shënuar data e miratimit, por i njëjti është regjistruar në Fond nën nr.02-4539/2 më 10 mars 2023, pëlqimi nga ministri i Shëndetësisë është pranuar në Fond më 28.03.2023, pason kërkesa nga Fondi e së njëjtës datë për lektorimin e teksteve të përkthyera të aktit para se të publikohet, teksti i lekturuar është pranuar në Fond më 31 mars 2023 dhe në këtë datë me letër 02-4539/2 është dorëzuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”. Akti është publikuar më 10.04.2023.
Që këtu, konsideruar nga miratimi i aktit, afati i përcaktuar me Kushtetutë prej shtatë ditësh nga neni 52 paragrafi 2 i Kushtetutës për botimin e kësaj rregulloreje ka skaduar më 17.03.2023. Gjykata e kishte parasysh se neni 10 i rregullores së kontestuar parashikon hyrjen në fuqi në ditën e publikimit, pas marrjes së pëlqimit të ministrit të Shëndetësisë, gjë që është bërë më 28.03.2023, por duke pasur parasysh se kanë kaluar më shumë se shtatë ditë që nga kjo datë në përputhje me dispozitën kushtetuese sepse dita e shtatë bie më 04.04.2023, ndërsa akti është publikuar më 10.04.2023. Rrjedhimisht, fakti që në këtë rast bëhet fjalë për akte apo rregulla të ashtuquajtura detyruese ose të kushtëzuara, hyrja në fuqi e të cilave dhe sjell pasoja juridike kushtëzohet me marrjen e pëlqimit të ministrit të Shëndetësisë, nuk e largon dyshimin për shkelje të nenit 52 paragrafi 2 i Kushtetutës
Në bazë të analizës së bërë, para Gjykatës në mënyrë të bazuar u shtrua çështja e pajtueshmërisë së rregullores së kontestuar me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3, nenin 51 dhe nenin 52 paragrafin 2 të Kushtetutës.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska