Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.122/2023
Скопје,05.12.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеи 1 и 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 5 декември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на:
– Одлуката бр.08-1417/4 од 14.10.2015 година за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин, Општина Охрид за кое нема урбанистички план, донесена од Советот на Општина Охрид на седница одржана на 14 октомври 2015 година и објавена во „Службен гласник на Општина Охрид“ бр.11 од 15 октомври 2015 година и
– Решението Уп2 бр.120/2017 од 01.12.2022 година на Министерството за транспорт и врски.
Образложение
I
Бисера Костадинова-Стојчевска од Битола, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива и дополнување на иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актите означени во диспозитивот на ова решение.
Во иницијативата се оспорува законитоста на означеното решение поради примената на член 67 од Законот за градење, односно заради неправилности поврзани со пријавувањето за започнување на изградба на објект до надлежниот орган и констатирани неправилности од овластен градежен инспектор во насока дека за конкретната градба не биле назначени изведувачот на градбата и правното лице за вршење на надзор.
Според подносителот на иницијативата, градбата на објектот е во непосредна близина на водостојот на Охридското Езеро (помалку од 50 метри) што води до неправилна примена на одредбите од Законот за водите кој регулира градење објекти од тврда градба.
Исто така, управувањето со светското културно наследство во Охридскиот Регион е дефинирано и уредено со Законот за управу-вање со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион („Службен весник на Република Македонија“ бр.75/2010) и со Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион.
Од наведените причини се предлага Судот да го поништи оспореното решение.
Во дополнувањето на иницијативата, покрај наведеното се бара Судот да пристапи кон оцена на уставноста и законитоста на означената одлука, бидејќи со неа се повредуваат неколку одредби од Уставот и законите.
Ова пред сè поради тоа што Одлуката не е во согласност со член 84 од тогаш важечкиот Закон за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/2014 и 44/2015) што значи несогласност и со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. Имено, за спорниот опфат во 1987 година, бил донесен Детален урбанистички план, во 1997 година овој опфат бил предмет на планска документација од Основниот урбанистички план на крајбрежниот простор за потегот Лагадин – Пештани, а во 1999 година бил изработен и донесен Детален урбанистички план за истиот потег.
Повредата на наведената законска одредба се состои во тоа што не може да биде релевантна за конкретниот потег, затоа што одредбата се однесува на населени места за кои не бил донесен никаков план, но не и за спорниот потег кој веќе бил опфатен со соодветен урбанистички план. Поради ова има повреда и на член 43 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање кој предвидува, меѓу другото, урбанистичкиот план да важи до донесување на нов урбанистички план што овде не е случај. Оттаму доаѓа и до повреда на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Имајќи предвид дека со оспорената одлука се суспендираат сите претходно донесени урбанистички документи и урбанистички се уредува спорниот простор, според подносителот, согласно членовите 33 – 37 од Законот доносителот морал во постапката за изработка и донесување на оспорената одлука да спроведе фази за прибирање на стручни и јавни мислења, презентации и анкети, преку кои форми им се овозможува на граѓаните да се информираат и да учествуваат во одлучување за прашањата од локално значење од областа на урбанизмот.
На овој начин се повредуваат означените законски одредби, но и Амандманот на Уставот, каде, меѓу другото, е предвидено граѓаните непосредно или преку избрани претставници да учествуваат во одлучувањето и за урбанизмот. Според подносителот има повреда и на член 8 став 1 алинеи 3, 9 и 10 од Уставот.
Врз основа на наведеното се предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста и да донесе решение во смисла на член 27 од Деловникот на Судот за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената одлука.
II
На седницата Судот утврди дека со Решението Уп1 бр.20-3852 од 26.09.2022 година градоначалникот на Општина Охрид го огласил за ништовно одобрението за градење Уп1 бр.20-3852 од 15.12.2016 година.
Министерството за транспорт и врски-Скопје со оспореното Решение Уп2 бр. 32-120/2017 од 01.12.2022 година ја уважува жалбата на Никола Толевски од с.Пештани и го поништува гореозначеното решение на градоначалникот на Општина Охрид.
Врз основа на член 84 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/14 и 44/15), член 22 став 1 точка 1 и член 36 од Законот за локалната самуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02) и членовите 15 и 18 од Статутот на Општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр.8/07), Советот на Општина Охрид на седницата одржана на ден 14.10.2015 година, ја донел оспорената одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин, Општина Охрид за кое нема урбанистички план. Одлуката е заведена под бр.08-1417/4 од 14.10.2015 и е објавена во службеното гласило на Општината Охрид бр.11/2015.
Врз основа на член 105 став 2 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.32/2020) Општина Охрид ја ставила вон сила оспорената одлука.
III
Согласно член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд на Република Северна Македонија е надлежен да одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 алинеи 1 и 3 од Деловникот на Уставниот суд, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето и ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Со иницијативата меѓу другото се бара Судот да се впушти во уставно-судска анализа на Решението Уп2 бр. 32-120/2017 од 01.12.2022 година на Министерството за транспорт и врски со кое се поништува Решението Уп1 бр.20-3852 од 26.09.2022 година на градоначалникот на Општина Охрид. Со ова решение градоначалникот одлучил да го поништи претходно издаденото одобрение за градење за конкретен објект.
Според оцена на Судот тоа што надлежното министерство го поништува донесеното решение на градоначалникот на Општина Охрид значи дека во овој момент, во правниот поредок, не постои акт по однос на правната судбина на претходното издаденото одобрение за градење. Впрочем, нов акт за правната судбина на издаденото одобрение од страна на Општината или, пак, подносителот на иницијативата не е презентиран до Судот. Како и да е, донесување на конкретни управни акти во постапката за урбанистичко планирање и оцена на нивната законитост и уставност не е надлежност на Уставниот суд, согласно член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот. Оттаму, за оспореното решение исполнети се условите за отфрлање на иницијативата согласно член 28 алинеи 1 и 3 од Деловникот.
Поаѓајќи од суштината на цитираната уставна одредба произлегува дека Судот ја оценува уставноста само на оние прописи, коишто се дел од правниот поредок на РМ, што со други зборови значи дека Уставниот суд е надлежен да ја оценува уставноста само на оние акти што се во правна сила, односно важат и се применуваат на територијата на РМ, а не и на актите што престанале да важат.
Во конкретниот случај Советот на Општина Охрид со допис Уп.бр.20-568 од 28.09.2023 го известува Судот дека оспорената одлука е ставена вон сила врз основа на член 105 став 2 од Законот за урабнистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.32/2020) и истата не е во примена. Од направениот увид во веб-страницата на Општината се потврдува фактот дека оваа оспорена одлука е ставена вон сила, како и тоа дека за Лагадин е започната постапка за планирање, видно од прикачениот документ во е-системот за фазата на планирање, Предлог-планска програма за изработка на урбанистички план за село Лагадин од април 2022 година. Судот нема податок во која фаза сега се наоѓа оваа нова постапка на планирање.
Оттаму произлегува дека се оспорува пропис, односно одлука која престанала да важи пред да биде поднесена иницијативата.
Според наведеното произлегува дека за оспорената одлука се исполнети условите за отфрлање согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот, бидејќи Судот не може да се впушти во оцена на уставност и законитост на пропис кој не е во важност и не произведува правни последици.
Инаку, оспорената одлука беше предмет на разгледување и оцена пред овој суд па со Решението У.бр.30/2017 од 22 мај 2019 година Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста, но во овој случај не може да се впушти во анализа на постоење на можни други основи за поинакво одлучување во смисла на член 28 алинеја 2 од Деловникот, бидејќи истата одлука повеќе не е во правна сила и не е дел од правниот поредок.
Според наведеното нема услови за донесување на решение согласно член 27 од Деловникот за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорените акти.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.122/2023
Shkup,05.12.2023
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alinetë 1 dhe 3 и nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 5 dhjetor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
REFUZOHET Iniciativa për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së:
– Vendimit nr.08-1417/4 të datës 14.10.2015 për përcaktimin e kushteve për mënyrën e ndërtimit në fshatin Llagadin, Komuna e Ohrit për të cilin nuk ka plan urbanistik, miratuar nga Këshilli i Komunës së Ohrit në mbledhjen e mbajtur më 14 tetor 2015 dhe botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Ohrit” nr. 11 nga 15.10.2015 dhe
– Aktvendimit Up2 Nr.120/2017, të datës 01.12.2022 të Ministrisë së Transportit dhe Lidhjeve.
Arsyetim
I
Bisera Kostadinova-Stojçevska nga Manastiri, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ka dërguar iniciativën dhe plotësimin e iniciativës për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së akteve të përcaktuara në dispozitivin e këtij aktvendimi.
Në iniciativë, ligjshmëria e aktvendimit të shënuar është kontestuar për shkak të zbatimit të nenit 67 të Ligjit për ndërtim, gjegjësisht për parregullsitë që kanë të bëjnë me regjistrimin për fillimin e ndërtimit të objektit tek organi kompetent dhe parregullsitë e konstatuara nga një inspektor i autorizuar ndërtimor në drejtim që nuk është caktuar kontraktori për ndërtimin konkret të objektit dhe personi juridik për mbikëqyrje.
Sipas parashtrueses së iniciativës, ndërtimi i objektit është në afërsi të nivelit të ujit të liqenit të Ohrit (më pak se 50 metra), gjë që çon në zbatimin e gabuar të dispozitave të Ligjit për ujërat, i cili rregullon ndërtimin e objekteve me ndërtim të fortë.
Gjithashtu, menaxhimi i trashëgimisë kulturore botërore në rajonin e Ohrit është përcaktuar dhe rregulluar me Ligjin për menaxhimin e trashëgimisë natyrore dhe kulturore botërore në rajonin e Ohrit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 75/2010) dhe me Planin për Menaxhim me trashëgiminë natyrore dhe kulturore botërore në rajonin e Ohrit.
Për arsyet e cekura, propozohet që Gjykata të anulojë vendimin e kontestuar.
Krahas iniciativës, përveç sa më sipër, kërkohet nga Gjykata që të vlerësojë kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e vendimit të përmendur, pasi është në kundërshtim me disa dispozita të Kushtetutës dhe ligjeve.
Kjo kryesisht për faktin se Vendimi nuk është në pajtim me nenin 84 të Ligjit të atëhershëm të vlefshëm për planifikim hapësinor dhe urbanistik (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 199/2014 dhe 44/2015), që nënkupton mospërputhje me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës. Përkatësisht, për zonën e kontestuar në vitin 1987 është miratuar Plani i detajuar urbanistik, në vitin 1997 kjo zonë është objekt i dokumentacionit planor nga Plani Bazë Urbanistik i Zonës Bregdetare për shtrirjen Lagadin – Peshtani dhe në vitin 1999 është hartuar Plani i Detajuar Urbanistik dhe miratuar për të njëjtën lëvizje.
Shkelja e dispozitës ligjore në fjalë konsiston në faktin se ajo nuk mund të jetë relevante për lëvizjen konkrete, sepse dispozita ka të bëjë me vendbanimet për të cilat nuk është miratuar asnjëfarë plani, por jo edhe për lëvizjen e kontestuar që tashmë ka qenë e përfshirë me plan urbanistik përkatës. Për këtë shkak është shkelur edhe neni 43 paragrafi 3 i Ligjit për planifikim hapësinor dhe urbanistik, i cili ndër të tjera parasheh se plani urbanistik është i vlefshëm deri në miratimin e planit të ri urbanistik, gjë që nuk ndodh këtu. Kjo çon në shkeljen e nenit 8, paragrafi 1, alineja 3 të Kushtetutës.
Duke pasur parasysh se me vendimin e kontestuar pezullohen të gjitha dokumentet urbanistike të miratuara më parë dhe rregullohet me plan urbanistik zona e kontestuar, sipas parashtrueses, në përputhje me nenet 33 – 37 të Ligjit, miratuesi është dashur në procedurën e përpunimit dhe miratimit të vendimit të kontstuar të zbatojë faza për mbledhjen e mendimeve të ekspertëve dhe të publikut, prezantime dhe anketa, përmes të cilave forma u mundësohet qytetarëve informimi dhe pjesëmarrja në vendimmarrje për çështje me rëndësi lokale në fushën e urbanizimit.
Në këtë mënyrë shkelen dispozitat ligjore të shënuara, por dhe Amendamenti i Kushtetutës, ku ndër të tjera parashikohet që qytetarët të marrin pjesë drejtpërdrejt ose nëpërmjet përfaqësuesve të zgjedhur në vendimmarrjen për urbanizimit. Sipas parashtrueses, ka shkelje edhe të nenit 8, paragrafit 1, alinetë 3, 9 dhe 10 të Kushtetutës.
Në bazë të sa më sipër, propozohet që Gjykata të nisë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë dhe të miratojë aktvendim në kuptim të nenit 27 të Rregullores së Gjykatës për ndalimin e realizimit të akteve individuale apo veprimeve të ndërmarra në bazë të vendimit të kontestuar.
II
Gjykata në seancë konstatoi se me Aktvendimin Up1 nr. 20-3852 të datës 26.09.2022, kryetari i Komunës së Ohrit shpalli të pavlefshme lejen për ndërtim Up1 nr. 20-3852, nga 15.12.2016.
Ministria e Transportit dhe Lidhjeve-Shkup me Aktvendimin e kontestuar Up2 nr. 32-120/2017 të datës 01.12.2022, e pranon ankesën e Nikolla Tolevskit nga fshati Peshtani dhe e anulon aktvendimin e lartpërmendur të kryetarit të Komunës së Ohrit.
Në bazë të nenit 84 të Ligjit për planifikim hapësinor dhe urbanistik (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 199/14 dhe 44/15), nenit 22 paragrafi 1 pika 1 dhe nenit 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale. (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.5/02) dhe nenet 15 dhe 18 të Statutit të Komunës së Ohrit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Ohrit” nr. 8/07), Këshilli i Komunës së Ohrit në mbledhjen e mbajtur më 14.10.2015, ka miratuar vendimin e kontestuar për vendosjen e kushteve për mënyrën e ndërtimit në fshatin Lagadin, Komuna e Ohrit, për të cilin nuk ka plan urbanistik. Vendimi është regjistruar me nr.08-1417/4 të datës 14.10.2015 dhe është publikuar në gazetën zyrtare të Komunës së Ohrit nr.11/2015.
Në bazë të nenit 105 paragrafi 2 të Ligjit për planifikim urbanistik (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 32/2020), Komuna e shpalli të pa vlefshëm vendimin e kontestuar.
III
Në pajtim me nenin 110 alineja 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut është kompetente për të vendosur për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 28 alinetë 1 dhe 3 të Rregullores së Punës së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata do ta refuzojë iniciativën nëse nuk është kompetente për të vendosur për kërkesën dhe nëse ka pengesa të tjera procedurale për të vendosur për iniciativën.
Me iniciativën, ndër të tjera, kërkohet nga Gjykata që të angazhohet në analizë kushtetuese-gjyqësore të Aktvendimit Up2 nr. 32-120/2017 të datës 01.12.2022 të Ministrisë së Transportit dhe Lidhjeve, me të cilin anulohet Aktvendimi Up1 Nr. 20-3852 i datës 26.09.2022 i Kryetarit të Komunës së Ohrit. Me këtë aktvendim, kryetari i komunës ka vendosur që të anulojë lejen e ndërtimit të lëshuar më parë për një objekt të caktuar.
Sipas vlerësimit të Gjykatës, fakti që ministria kompetente e anulon aktvendimin e miratuar të kryetarit të Komunës së Ohrit, do të thotë se në këtë moment në rendin juridik nuk ka asnjë akt lidhur me fatin juridik të lejes së ndërtimit të lëshuar më parë. Në fakt, në Gjykatë nuk është paraqitur një akt i ri për fatin juridik të miratimit të dhënë nga Komuna apo parashtruesja e iniciativës. Megjithatë, miratimi i akteve të veçanta administrative në procedurën e planifikimit urbanistik dhe vlerësimi i ligjshmërisë dhe kushtetutshmërisë së tyre nuk është kompetencë e Gjykatës Kushtetuese, sipas nenit 110, alinetë 1 dhe 2 të Kushtetutës. Pra, për zgjidhjen e kontestuar janë plotësuar kushtet për refuzimin e iniciativës sipas nenit 28 alinetë 1 dhe 3 të Rregullores.
Nisur nga thelbi i dispozitës kushtetuese të cituar, rezulton se Gjykata vlerëson kushtetutshmërinë vetëm të atyre rregullave, të cilat janë pjesë e rendit juridik të Republikës së Maqedonisë, që me fjalë të tjera do të thotë se Gjykata Kushtetuese është kompetente për të vlerësuar kushtetutshmërinë vetëm të atyre akteve që janë në fuqi ligjore, respektivisht janë të vlefshme dhe zbatohen në territorin e Republikës së Maqedonisë, dhe jo për aktet që kanë pushuar së vlejturi.
Në rastin konkret, Këshilli i Komunës së Ohrit me shkresë Up.nr. 20-568 të datës 28.09.2023 njofton Gjykatën se vendimi i kontestuar ka hyrë në fuqi në bazë të nenit 105 paragrafi 2 të Ligjit për planifikim urbanistik (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 32/2020) dhe i njëjti nuk është në fuqi. Nga mbikëqyrja në faqen e internet të Komunës vërtetohet fakti se ky vendim i kontestuar është shfuqizuar, si dhe se për Lagadin ka filluar një procedurë planifikimi, siç shihet edhe nga dokumenti i bashkëngjitur në e-sistemin për fazën e planifikimit, Propozimi i Programit të Planifikimit për zhvillimin e planit urbanistik për fshatin Lagadin nga prilli i vitit 2022. Gjykata nuk ka informacion se në cilën fazë është tani kjo procedurë e re e planifikimit.
Nga kjo rezulton se kontestohet rregulli, respektivisht vendimi që është shfuqizuar para parashtrimit të iniciativës.
Nga sa më sipër, rezulton se për vendimin e kontestuar janë plotësuar kushtet për refuzim sipas nenit 28 alineja 3 të Rregullores, për shkak se Gjykata nuk mund të angazhohet në vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli që nuk është në fuqi dhe nuk prodhon pasoja juridike.
Ndryshe, vendimi i kontestuar ka qenë lëndë e shqyrtuar dhe e vlerësuan në këtë gjykate, kështu që me Vendimin U.nr.30/2017 nga maji i vitit 2019 Gjykata nuk ka inicuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë, por në këtë rast nuk mund të angazhohet në analizë për ekzistimin e bazave të tjera të mundshme për vendim të ndryshëm në kuptim të nenit 28 paragrafi 2 të Rregullores, sepse i njëjti vendim nuk është më në fuqi juridike dhe nuk është pjesë e rendit juridik.
Nga sa më sipër, nuk ka kushte për marrjen e vendimit në përputhje me nenin 27 të Rregullores për ndalimin e realizimit të akteve individuale apo veprimeve të ndërmarra në bazë të akteve të kontestuara.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska