2021
-
Соопштение по повод средбата на делегацијата на Уставниот суд со претседателот на Врховниот суд на Република Турција и со Министерот за правда на Република Турција
Во рамки на официјалната посета на Република Турција, на 29 јануари 2021 година (петок), делегацијата предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, беше примена на официјална средба од страна на претседателот на Врховниот суд на Република Турција, г. Мехмед Акарџа на која присуствуваше и врховниот јавен обвинител на Република Турција,…
-
Соопштение по повод официјалната посета на делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија на Република Турција
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, а во состав од судиите Елена Гошева, Јован Јосифовски и д-р Осман Кадриу и советникот м-р Љубица Ангелова, на покана на претседателот на Уставниот суд на Република Турција, проф. д-р Зухту Арслан, престојува во…
-
Билатерална средба на Уставниот суд на Република Северна Македонија со Уставниот суд на Република Турција
На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Турција, проф.д-р Зухту Арслан, во период од 27 до 31 јануари делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе оствари работна посета на Република Турција. Делегацијата ја предводи претседателот на Судот, Сали Мурати, а во состав од судиите Елена Гошева, Јован Јосифовски и д-р Осман…
-
Соопштение по одржаната II-ра седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната II седница (денeс, 26 јануари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – ги отфрли иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за избор на Влада на Република Северна Македонија број 08-2744/1…
-
Работна средба на претседателот на Судот, г.Сали Мурати со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денес оствари работна средба со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби. На оваа средба, стана збор за начините за целосно остварување на уставната позиција на Судот, како независен и…
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Баздникин
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г.Сали Мурати, денес оствари работна средба со Н.Е. Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија. Во пријателска и срдечна атмосфера, на амбасадорот Баздникин му беше презентирана уставната положба на Уставниот суд, неговите надлежности, но и предизвиците со кои се соочува Судот во нивното остварување.…
-
Соопштение по одржаната I -ва седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната I седница (денeс, 21 јануари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – поведе постапка за оценување на уставноста на член 96 став 3 точка 2 од Законот за комплементарна и алтернативна медицина („Службен весник…
-
Средба на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Н.Е. Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г.Сали Мурати, утре (22 јануари 2021 година) со почеток од 11,00 часот, ќе оствари средба со Н.Е. Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Судот, Сали Мурати, со Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, заедно со судиите д-р Осман Кадриу и Насер Ајдари и генералниот секретар на Уставниот суд, Александар Лазов, денес остварија средба со Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија. Во пријателска и срдечна атмосфера, на амбасадорот Река му беше презентирана уставната положба…
-
Средба на претседателот на Судот, Сали Мурати, со Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, утре ќе оствари средба со Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија, со почеток во 13.30 часот.
-
Интервју на претседателот на Судот, Сали Мурати, во рамките на истражувањето на Блупринт групата за реформи во правосудството заради изготвување на Извештај за проблемите и предизвиците од примената на уставните одредби за вонредна состојбата утврдена заради справување со пандемијата од вирусот COVID-19
На барање од Блупринт групата за реформи во правосудството, беше доставен прашалник по однос на одредени уставно-правни дилеми и прашања во врска со вонредната состојба, како и конкретно за работата на Уставниот суд за време на вонредната состојба, чие постоење беше утврдено во месец март 2020 година од страна на претседателот на Републиката. 1. Дали…