Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, заедно со судиите д-р Осман Кадриу и Насер Ајдари и генералниот секретар на Уставниот суд, Александар Лазов, денес остварија средба со Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија.
Во пријателска и срдечна атмосфера, на амбасадорот Река му беше презентирана уставната положба на Уставниот суд, неговите надлежности, но и предизвиците со кои се соочува Судот во нивното остварување.
Беше заеднички заклучено дека одличните односи помеѓу двете држави, се отсликани и во односите помеѓу уставните судови на Република Северна Македонија и Република Албанија и нивната соработка во меѓународните асоцијации во кои членуваат и чија меѓусебна соработка се планира во иднина да биде продлабочена.