Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната I седница (денeс, 21 јануари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– поведе постапка за оценување на уставноста на член 96 став 3 точка 2 од Законот за комплементарна и алтернативна медицина („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/2015, 39/201 и 83/2018);
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 218 од Законот за извршување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018) и член 211 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/2005, 50/2006, 129/2006, 8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010, 88/2010, 171/2010, 148/2011 и 187/2013);
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 62-а став 5 алинеја 4 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ број 140/2008, 53/2011, 123/2012, 70/2013, 164/2013, 138/2014, 154/2015, 192/2015, 39/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/2019);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 174 ставови 2 и 3, член 178 став 2, членови 179, 180 и 181 од Судскиот деловник („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/2013);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 22-б и член 27-б од Законот за превоз во патниот сообраќај “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68/2004; 23/2006; 127/2006; 64/2008; 114/2009; 50/2010; 83/2010; 140/2010; 152/2010; 17/2011; 53/2011; 6/2012; 23/2013; 120/2013; 163/2013; 187/2013; 42/2014; 112/2014; 166/2014; 20/2015; 44/2015; 97/2015; 124/2015; 129/2015; 193/2015; 37/2016; 71/2016; 64/2018; 140/2018; 163/2018; 275/2019);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на делот: „или преку постапка за интерен оглас“ од член 9 став 3; делот: „во рокот од ставот 2 на овој член не одговори, ќе се смета дека согласноста е дадена“ од членот 22 став 3 и член 42 став 1 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/2018 и 248/2018); и
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за именување на заменици на министри („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 230/2020).