2020
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Судот, Сали Мурати и судиите на Уставниот суд со делегацијата на Големото национално собрание на Република Турција
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати и судиите на Уставниот суд, вчера (22 декември 2020 година), остварија средба со делегацијата на Република Турција предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, г. Мустафа Шентоп. Во пријателска и срдечна атмосфера, претседателот на Судот, Мурати, во свое и во име…
-
Средба на претседателот на Судот, Сали Мурати и судиите на Уставниот суд со претставници на Големото национално собрание на Република Турција
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати и судиите на Уставниот суд, утре (22 декември 2020 година), ќе остварат средба со делегацијата на Република Турција предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, г. Мустафа Шентоп. Посетата на турската делегација во Република Северна Македонија е по повод одбележувањето на…
-
Присуство на годишното обраќање на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. г. Стево Пендаровски, во Собранието на Република Северна Македонија
На покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, присуствуваше на Дваесет и третата седница на Собранието на која претседателот на Републиката, г. Стево Пендаровски го имаше своето годишно обраќање.
-
Виртуелна Регионална конференција на уставни судови на тема: „Издвоени мислења при одлучувањето на уставните судови“
На покана од Германската фондација за меѓународна правна соработка регионално здружение (ИРЗ) и Уставниот суд на Босна и Херцеговина, претседателот и судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваа на он лајн Регионална Конференција на тема „Издвоени мислења при одлучувањето на уставните судови“. Поради рестрикциите со кои се соочува Регионот од пандемијата со КОВИД-19,…
-
Консултативен он-лајн состанок со Германската фондација за меѓународно-правна соработка, регионално здружение (ИРЗ) во рамките на повеќегодишниот проект „Воведување на сеопфатна уставна жалба“
Со цел продолжување на успешната соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка регионално здружение (ИРЗ), на нивно барање беше одржан консултативен он-лајн состанок помеѓу Уставниот суд на Република Северна Македонија, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија и Германската фондација за меѓународна правна соработка регионално здружение (ИРЗ). Целта на состанокот беше да…
-
Учество на претседателот на Уставниот суд, г.Сали Мурати, на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, учествуваше на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа на тема: „Ковид-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човекови права“, кој се одржа на 16 октомври 2020 година во Хотел Мериот во Скопје. Претседателот Мурати, имаше свое воведно обраќање при отварањето…
-
Предавање на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
На покана од Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, вчера (13.10.2020 година), пред слушателите од VII-та генерација на слушатели на почетна обука, одржа предавање на тема „Предизвиците за Уставниот суд на Република Македонија“.
-
Он-лајн Семинар на тема: „Одлуките на Сојузниот уставен суд на Германија и судската пракса на Уставниот суд на Република Северна Македонија за КОВИД-19“
Во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), Уставниот суд на Република Северна Македонија организираше он-лајн семинар на тема „Одлуките на Сојузниот уставен суд на Германија и судската пракса на Уставниот суд на Република Северна Македонија за КОВИД-19“. Целта на семинарот беше да се споделат искуствата, да се направи советување и споредба на…
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин
Денес, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, оствари работна средба со Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, г. Сергеј Баздникин. Повод за оваа средба беше врачување на поканата на министерот за правда на Руската Федерација, г. Констатин Чујченко за претседателот на Судот, г. Мурати, за учество на…
-
Соопштение
Денес, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, оствари работна средба со министерот за правда Бојан Маричиќ. На оваа средба, беше разговарано за начините за унапредување на самостојноста на Судот (институционална, административна и буџетска), статусот на уставните судии, заштитата на слободите и правата пред Уставниот суд, за можноста за донесување Закон за…
-
Средба на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со делегација на Специјалната мисија за проценка на изборите во Република Северна Македонија
На 9 јули 2020 година, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, оствари работна средба со делегација на Специјалната мисија за проценка на изборите во Република Северна Македонија, предводена од шефот на Мисијата, Лаима Андрикине. На средбата, претседателот на Судот, ги запозна членовите на делегацијата со одлуките на Судот во врска со…
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук
На средбата остварена денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук, се разговораше за теми од работата и функционирањето на Уставниот суд, досегашната билатерална соработка со Уставниот суд на Украина и можностите за натамошно продлабочување на соработката помеѓу двата…