2020
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 28 јануари 2020 година (вторник) ќе одржи средба со Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз, Амбасадор на САД во Република Северна Македонија, со почеток во 14.00 часот.
-
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на функционирањето на Судот, досегашната соработка и можноста за унапредување на истата. Беше изразено обострано задоволство од досегашната…