На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на функционирањето на Судот, досегашната соработка и можноста за унапредување на истата.
Беше изразено обострано задоволство од досегашната соработка со Република Турција на мултилатерално и билатерално ниво, како и од соработката помеѓу уставните судови на двете држави, особено што во тековната 2020 година е планирано организирање на заедничка тркалезна маса на која домаќин би бил Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Еден од начините на кои се остварува поддршката на Република Турција на Уставниот суд на Република Северна Македонија е преку Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) преку неколку досегашни, но и преку идни проекти како што е најавеното опремување на салата за билатерални средби на Судот од страна на оваа агенција, за што беше изразена особена благодарност од претседателот Мурати.
Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок, се заблагодари за приемот и изрази задоволство од посетата на Уставниот суд и истовремено упати поддршка за понатамошната соработка помеѓу двете држави, вклучувајќи ги уставните судови на двете држави кои досега имаат одлична соработка.