2009

  • Стручна расправа на тема „Уставно судство“

    На 25 септември 2009 година со почеток во 9,30 часот во салата Милениум II на Хотел „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи стручна расправа на тема „Уставно судство“. Расправата е во организација на Програмата за владеење на правото во ЈИЕ на Фондацијата Конрад Аденауер и Уставниот суд на Република Македонија и неа ќе ја…

    ,
  • Доставени изјави до Комисијата за лустрација

    Претседателот и судиите на Уставниот суд на Република Македонија, како и генералниот секретар и раководните државни службеници во Судот, денес доставија изјави до Комисијата за лустрација со цел да се провери дали некој од нив соработувал со органите на државната безбедност во кршење или ограничување на основните слободи и права на граѓаните од политички или…

  • Средба со специјалниот известувач на ООН за слободата на религијата и убедувањето

    Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денеска ќе оствари средба со г-ѓа Асма Џахангир, специјалниот известувач на Организацијата на Обединетите Нации за слободата на религијата и убедувањето. Средбата се остварува во рамките на официјалната посета на г-ѓа Џахангир на Република Македонија.

    ,
  • Известување за одржување на подготвителна седница

    Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 28 април 2009 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр.226/2008, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 45став 2, во делот: „и екстерно“ и ставовите 3, 4 и 5 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.…

  • С О О П Ш Т Е Н И Е до јавноста

    С О О П Ш Т Е Н И Е до јавноста 1. Во врска со Одлуката за укинување на член 26 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/2008), донесена од Уставниот суд на Република Македонија на 15 април 2009 година, која се однесува на верското образование во основните училишта, очигледна…

  • Поставен камен темелникот на новиот објект во кој ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија

    На 23 март 2009 година беа поставени темелите на новата зграда во која ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски вчера го поставија камен-темелникот за изградба на објектот, а со свечениот чин што беше проследен со света литургија чиноначалствуваше Архиепископот…

    ,
  • Годишна прес-конференција за работата на Судот во 2008 година

    Годишна прес-конференција за работата на Судот во 2008 година Заради остварување на определбата на Уставниот суд на Република Македонија уставните овластувања да ги врши јавно, Судот организира прес-конференција на која ќе ги презентира податоците за својата работа во 2008 година. Конференцијата ќе се одржи на 19 февруари 2009 година (четврток), во 11,00 часот, во салата…

  • Свечена седница на Европскиот суд за човекови права

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од судиите на Уставниот суд д-р Гзиме Старова и Вера Маркова присуствува на Свечената седница на Европскиот суд за човекови права што се одржува денес – 30 јануари 2009 година по повод 50 годишнината на овој суд. На настанот ќе му претходи семинар на тема: „50 години…

    ,
  • Делегација на Уставниот суд на Република Македонија на Првата светска конференција за уставна правда

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, судиите на Уставниот суд Бранко Наумоски и Игор Спировски, генералниот секретар Милица Николовска и државниот советник Татјана Јањиќ-Тодорова од 22 до 26 јануари 2009 година учествуваше на Првата светска конференција за уставна правда што се одржа во Кејп Таун…

    ,
  • Учество на Светската конференција за уставна правда

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, од 22 до 26 јануари 2009 година ќе учествува на Светската конференција за уставна правда што ќе се одржи во Кејп Таун, Јужна Африка во организација на Уставниот суд на Јужна Африка и Венецијанската комисија на Советот на Европа.…

    ,
  • Учество на семинар во Брисел

    Судијата на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Исмаил Дарлишта ќе учествува на семинар на тема Правото на заедницата и независноста на судството што ќе се одржи на на 22 и 23 јануари 2009 година во Брисел. Семинарот го организира Европската комисија – Генералниот директорат за проширување. На семинарот ќе учествуваат судии на повисоките судови од…

    ,