Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, од 22 до 26 јануари 2009 година ќе учествува на Светската конференција за уставна правда што ќе се одржи во Кејп Таун, Јужна Африка во организација на Уставниот суд на Јужна Африка и Венецијанската комисија на Советот на Европа.
Темата на конференцијата е: „Влијателна уставна правда – нејзиното влијание на општеството во развојот на глобална судска практика за човековите права“.
Светската конференција за уставна правда за прв пат на едно место ќе ги собере членовите на различните регионални групи на уставни судови од сите континенти (арапски, азиски, европски, од земјите на Комонвелтот, иберо-
американските, јужно африканските и од земјите на Младите демократии).
На Конференцијата ќе се анализира влијанието што овие судови го имаат на нивните општества како и влијанието на нивната судска практика врз развојот на глобалната јурсипруденција за човекови права.