Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од судиите на Уставниот суд д-р Гзиме Старова и Вера Маркова присуствува на Свечената седница на Европскиот суд за човекови права што се одржува денес – 30 јануари 2009 година по повод 50 годишнината на овој суд. На настанот ќе му претходи семинар на тема: „50 години на Европскиот суд за човекови права на тема виден од страна на сродните меѓународни судови“. На семинарот покрај претседателот на Европскиот суд за човекови права Жан Пол Коста, ќе се обратат и претседателите на Меѓународниот суд за правдата, Меѓународните трибунали за поранешна Југославија и за Руанда, претседателот на Европскиот суд на правдата и претседателот на Интер-американската комисија за човекови права.