Судијата на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Исмаил Дарлишта ќе учествува на семинар на тема Правото на заедницата и независноста на судството што ќе се одржи на на 22 и 23 јануари 2009 година во Брисел.
Семинарот го организира Европската комисија – Генералниот директорат за проширување. На семинарот ќе учествуваат судии на повисоките судови од земјите на Западниот Балкан и Турција.