На 23 март 2009 година беа поставени темелите на новата зграда во која ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски вчера го поставија камен-темелникот за изградба на објектот, а со свечениот чин што беше проследен со света литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан. Објектот ќе биде изграден за 28 месеци.