Се укинува
-
У.бр.81/2022
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје
-
У.бр.86/2021
СЕ УКИНУВА член 6 став 3 во делот „донесено од стечајниот управник“ од Законот за судските такси
-
У.бр.32/2022
СЕ УКИНУВА член 9 став 6 во делот „и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор” од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување
-
У.бр.109/2022
СЕ УКИНУВААТ член 152 став 1 точка 2) во делот „став (4)”, член 154 став 1 точка 2) во делот „став (4)”, член 156 став 1 точка 8) во делот „став (4)” и член 158 став 1 точка 4) во делот „став (4)” од Законот за градење
-
У.бр.23/2022
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05. – Општина Карпош, донесена од Советот на Општина Карпош и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката
-
У.бр.20/2022
СЕ УКИНУВААТ: член 31 став 3 во делот „член 30“; член 59 во делот „Министерство за стопанство“ и член 72 ставови 1 и 2 од Законот за заштита од експлозивни материи
-
У.бр.113/2022-1
СЕ УКИНУВААТ член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија
-
У.бр.233/2020
СЕ УКИНУВА член 8 став 3 во делот „кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија“ од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија
-
У.бр.8/2022
СЕ УКИНУВА член 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија
-
У.бр.80/2021
СЕ УКИНУВА Одлуката на Советот на Општина Центар-Скопје за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт J 07-локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката