Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.92/2023
Скопје, 28.02.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 28 февруари 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 4 став 1 точка 2) во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1) во делот „националноста” и член 13 став 1 точка 1) во делот „националноста” од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија” број 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/2020 и 129/2023).
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените делови содржани во одредбите на членовите од Законот, означен во точката 1 од оваа одлука.
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод поднесената иницијатива од политичката партија „Левица” од Скопје, со Решението У.бр.92/2023 од 20 декември 2023 година, поведе постапка за оценување на уставноста на деловите содржани во одредбите на членовите од Законот, означен во точката 1 од Одлуката, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нивната согласност со одредбите на Уставот.
II
На седницата Судот утврди дека според член 4 став 1 точка 2) од Законот за матичната евиденција, во матичната книга на родените се запишуваат: податоци за родителите на детето, и тоа: име и презиме (за мајката и моминското презиме); ден, месец, година и место на раѓањето; националност; државјанство; матичен број; живеалиште и адреса на станот.
Судот утврди и дека според член 11 став 1 точка 1) од Законот, во матичната книга на венчаните се запишуваат податоци за склучување на бракот, и тоа: име и презиме на брачните другари; ден, месец, година и место на раѓањето; матичниот број; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот на брачните другари; ден, месец, година и место на склучување на бракот и изјави на брачните другари за нивното презиме.
Судот, исто така, утврди дека според член 13 став 1 точка 1) од Законот, во матичната книга на умрените се запишуваат податоци за смртта, и тоа: име и презиме на умрениот; неговото презиме пред склучувањето на бракот; полот; час, ден, месец, година и место на смртта; ден, месец, година и место на раѓањето, брачната состојба пред смртта; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот.
III
Според член 8 став 1 алинеи 1, 2, 3 и 11 од Уставот на Република Северна Македонија, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот, слободното изразување на националната припадност, владеењето на правото и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право, се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Уставот, со член 18 ја гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци, а на граѓаните им гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците. Воедно, Уставот со член 25, на секој граѓанин му гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.
Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Согласно член 118 од Уставот, меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.
Република Северна Македонија е потписник на повеќе меѓународни конвенции од различни сфери, меѓу кои и потписник на конвенции и нивни протоколи коишто го уредуваат прашањето поврзано со националниот идентитет на човекот и граѓанинот, како што е Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства усвоена од Комитетот на министрите на Советот на Европа на 10 ноември 1994 година.
Воедно, Република Северна Македонија е потписник и на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на податоци, ратификувана со закон објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 7/2005, како и Протоколот за нејзина измена ратификуван во Собранието на Република Северна Македонија во јуни 2021 година, со кој дополнително се зајакнува заштитата на чувствителните податоци. Друг меѓународен документ за заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци и движењето на таквите податоци е Општата регулатива за заштита на личните податоци ((ЕУ) 2016/679 – General Data Protection Regulation), со примена од 25 мај 2018 година.
Според член 3 од погоре наведената Рамковна конвенција, правото на идентитет на националните малцинства и нивните членови првенствено го вклучува правото на секој да избере да припаѓа на национално малцинство и да биде третиран како таков или не.
Според Општата регулатива за заштита на личните податоци „чувствителни податоци” или податоци класифицирани како „посебна категорија на лични податоци” се податоците коишто откриваат информации за расното или етничкото потекло за субјектот. Според оваа регулатива, националноста е тесно поврзана со категоријата чувствителни податоци за расна и етничка припадност, следствено ваквите податоци се со класификација на посебна категорија на лични податоци бидејќи може да го откријат расното или етничкото потекло на поединецот.
Во февруари 2020 година, Собранието на Република Северна Македонија го донесе Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија” број 42/2020 и 294/2021) со кој се уредува заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци.
„Обработка на личните податоци“ според член 4 став 1 точка 2. од наведениот закон, претставува секоја операција или збир на операции коишто се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Законот за заштита на личните податоци утврдува посебни категории на лични податоци, а тие според член 4 став 1 точка 13. од наведениот закон се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице.
Од погоре наведените одредби од Законот за заштита на личните податоци, како и од одредбите содржани во погоре наведените меѓународни акти со кои овој закон е во целост усогласен, неспорно произлегува дека секој податок којшто го открива етничкото потекло на лицето, спаѓа во категоријата на „чувствителни податоци” или податоци класифицирани како „посебна категорија на лични податоци”, а како такви подлежат на строги безбедносни мерки за заштита на лицата во однос на автоматската обработка на ваквите податоци, во кои спаѓа и податокот за националноста.
Според член 1 став 1 од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија” број број 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/2020 и 129/2023), основните лични податоци за граѓаните се водат во матична книга на родените, матична книга на венчаните и матична книга на умрените, а според став 2 на наведениот член од Законот, матичните книги и изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, се јавни исправи. Согласно член 1-а од Законот, извод од матична книга претставува јавна исправа која се издава на пропишан образец врз основа на податоците од матичните книги.
Во Законот за матичната евиденција се пропишани основните лични податоци коишто се запишуваат во матична книга на родените, матична книга на венчаните и матична книга на умрените, коишто податоци понатаму ќе бидат содржина на изводите и уверенијата како јавни исправи.
Имено, според член 4 став 1 точка 2) од Законот, во матичната книга на родените се запишуваат податоци за родителите на детето, и тоа: име и презиме (за мајката и моминското презиме); ден, месец, година и место на раѓањето; националност; државјанство; матичен број; живеалиште и адреса на станот.
Според член 11 став 1 точка 1) од Законот, во матичната книга на венчаните се запишуваат податоци за склучување на бракот, и тоа: име и презиме на брачните другари; ден, месец, година и место на раѓањето; матичниот број; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот на брачните другари; ден, месец, година и место на склучување на бракот и изјави на брачните другари за нивното презиме.
Според член 13 став 1 точка 1) од Законот, во матичната книга на умрените се запишуваат податоци за смртта, и тоа: име и презиме на умрениот; неговото презиме пред склучувањето на бракот; полот; час, ден, месец, година и место на смртта; ден, месец, година и место на раѓањето, брачната состојба пред смртта; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот.
Од содржината на член 4 став 1 точка 2) и член 11 став 1 точка 1) од Законот, произлегува дека во постапка за евидентирање на родено дете и склучен брак во матичните книги, родителите на детето и брачните другари треба да ја наведат и својата национална припадност.
Според тоа, од погоре наведените одредби од Законот за матичната евиденција произлегува дека како основен податок којшто се впишува во матичните книги, е предвиден и податокот за националната припадност на граѓаните. Меѓутоа, припадноста кон одредена националност е приватно и лично чувство на секој поединец, и според Судот, негово лично право е да одлучи дали ќе се изјасни и како ќе се изјасни за сопствената националност, но и право да одлучи да не се изјасни.
Во смисла на погоре наведеното, од Законот за матичната евиденција не произлегува можност, обработката на овој податок да биде на доброволна основа, а со тоа на граѓаните не им се остава можност и да не се изјаснат за нивната национална припадност. Воедно, според член 13 став 1 точка 1) од Законот, ваквиот податок се бара и во постапка за евидентирање на умрено лице, ова дотаму, што друго лице (пријавителот на смрт на лице), треба да се изјасни за националноста на која му припаѓало, односно со која се идентификувало умреното лице.
Според Судот, податоците како името, презимето, државјанството, адреса на живеење, ден, час, година (на родено лице, на венчани лица, на умрено лице) и сл., разбирливо се релевантни податоци за целите на матичната евиденција (евидентирање на родено дете, склучен брак, умрено лице), меѓутоа, податокот за националната припадност на граѓаните, според Судот, не може да се смета за релевантен и клучен за целите на матичната евиденција, особено не во задолжителна форма. Оттука, неспорно е дека впишувањето на податокот за националност во официјалните записи и извадоците коишто се издаваат врз основа на нив, значи обработка на личен податок со квалификација на чувствителен податок, којшто спаѓа во посебна категорија на лични податоци. Ова, дотолку повеќе што изјаснувањето за националната припадност, не е должност, туку можност (незадолжителен податок) па оттука, граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, што според Судот, не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 2 од Уставот за слободното изразување на националната припадност како темелна вредност на уставниот поредок што го вклучува правото на лицето да ја изрази, но и да не ја изрази националната припадност.
Воедно, Законот за матичната евиденција не предвидува никаква можност за промена на податокот за националност, со што еднаш регистрираната националност останува како таква, без можност поединецот да го измени еднаш запишаниот податок за националноста, како негово лично право. Ваквата околност, според Судот, претставува пречка за одлуката на поединецот да ја усогласи дадената информација за неговата националност со сопственото лично чувство на национална припадност кое како прашање на самоперцепција може и да се промени. Неможноста да се промени националната определба, според Судот, исто така, претставува повреда на правото на слобода на самоидентификација од член 8 став 1 алинеја 2 од Уставот, бидејќи слободното изразување на националната припадност, не го вклучува само правото на изјаснување и неизјаснување за националното чувство, како лично чувство на поединецот, туку и право истото да се промени. Изјаснувањето треба да биде оставено на волјата на поединецот.
Во однос на обработката на податоците, со член 5 од Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на податоци, се уредува дека: 1. Обработката на податоците е пропорционална во однос на легитимната цел што се следи и во сите фази од обработката се одразува праведна рамнотежа помеѓу сите засегнати интереси, јавни или приватни и засегнатите права и слободи. 2. Секоја страна предвидува дека обработката на личните податоци се врши врз основа на слободна, специфична, информирана и недвосмислена согласност на субјектот на лични податоци или на некоја друга легитимна основа утврдена со закон. 3. Личните податоци што се подложени на обработка се обработуваат законски. 4. Личните податоци што се подложени на обработка: a) се обработуваат правично и на транспарентен начин; б) се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и не се обработуваат на начин кој не е во согласност со тие цели; натамошната обработка за цели на архивирање од јавен интерес, научни или историски истражувачки цели или статистички цели, се смета дека е во согласност со првичните цели за собирање на податоците доколку се преземени соодветни заштитни мерки; в) се соодветни, релевантни и непрекумерни во однос на целите за кои се обработени; г) се точни и каде што е потребно, ажурирани; д) се чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на лични податоци, не подолго од она што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се обработуваат.
Од одредбата на погоре наведената Конвенција, јасно произлегува дека особено се води сметка за легитимната цел што се следи за потребата од обработката на податоците, дека обработката на личните податоци се врши врз основа на слободна, специфична, информирана и недвосмислена согласност на субјектот на лични податоци или на некоја друга легитимна основа утврдена со закон, како и дека податоците се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и не се обработуваат на начин којшто не е во согласност со тие цели.
Во конкретниот случај, нејасна е општествената оправданост за ваквата определба во Законот за матичната евиденција, податокот за националната припадност на граѓаните да биде предмет на задолжителна обработка, покрај основните податоци (име, презиме, единствен матичен број, државјанство и сл.), односно нејасна е легитимната цел што сака да се постигне со задолжителната обработка и на овој податок.
Според Судот, ваквата нејасна општествена оправданост и нејасна легитимна цел што сака да се постигне со задолжителното обработување на податокот за националната припадност, директно задира и ја повредува смислата и суштината на слободата на изразување на националната припадност. Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за национални малцинства, изразил критика во однос на задолжителното назначување на етничката припадност во личните документи или во внатрешните записи коишто ги води администрацијата, вклучувајќи ја полицијата и здравствените власти, како спротивни на правото на самоидентификација.
Фактот дека според Законот за матичната евиденција податоците евидентирани во матичните книги, меѓу кои и податокот за националност, се содржина на официјални извадоци коишто се издаваат врз основа на матичните книги, според Судот, не е во согласност со одредбите од член 18 од Уставот со кој се гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци и на граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.
Понатаму, со член 25 од Уставот на Република Северна Македонија, на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот. Оваа уставна гаранција ги вклучува и карактеристиките и вредностите коишто ја дефинираат личноста, меѓу кои и оние коишто го дефинираат како припадник на национална заедница.
Во контекст на претходно наведеното, член 1 од Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на податоци, уредува дека целта на оваа конвенција, во рамките на секоја држава за секое лице, без разлика на националноста и местото на живеење, е да го осигура почитувањето на неговите права и основни слободи, особено правото на приватност, кога станува збор за автоматска обработка на личните податоци. Во оваа смисла, член 9 точка 1 потточка а) од оваа конвенција уредува дека „Секое физичко лице има право да не биде предмет на одлука која има значително влијание врз него или неа, а која е исклучиво врз основа на автоматизирана обработка на лични податоци без да се земат предвид неговите или нејзините ставови”.
Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во свои одлуки изразил став дека прашањата коишто се однесуваат на националниот идентитет, се прашања во врска со правото на почитување на приватниот и семејниот живот од член 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за заштита на човековите права, а една таква одлука со ваков изразен став, е забележанa и во случајот Тасев против Република Северна Македонија (Case of Tasev v. Nort Macedonia, application no. 9825/13).
Оттука, имајќи го предвид уредувањето во Законот за матичната евиденција, за задолжително изјаснување на граѓаните за сопствената национална идентификација во постапка пред матичните служби, при упис на родено дете, склучен брак и умрено лице, без можност за избор да се изјаснат или не, но и да го променат изјаснувањето, како и имајќи предвид дека националноста е приватно и внатрешно чувство на човекот, и дека никој не може да биде принуден тоа чувство да го манифестира во јавноста, а уште повеќе тоа лично и внатрешно чувство да биде предмет на институционално задолжително администрирање во регистрите на државата, според Судот, неспорно е дека со оспорените делови на одредбите од Законот, се навлегува во сферата на човековата приватност и личен живот, од кои причини Судот утврди и спротивност на оспорените делови содржани во одредбите на Законот со одредбите од член 25 на Уставот.
Република Северна Македонија е потписник на повеќе меѓународни конвенции од различни сфери, меѓу кои и потписник на погоре наведените конвенции и нивни протоколи. Според член 118 од Уставот, меѓународните договори што се ратификуваат согласно со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон. Меѓународните конвенции создаваат меѓународни стандарди со цел да бидат признати и општо прифатени. Според член 8 став 1 алинеи 1 и 11 од Уставот, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право, се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија. Оттука, според Судот, непочитувањето на меѓународните конвенции е повреда на наведените темелни вредности на уставниот поредок.
Темелната вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија, утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 на Уставот, е владеењето на правото. Оваа темелна вредност, помеѓу другото, се заснова и на постулатот на примарното значење на основните човекови слободи и права, како и правната сугурност на граѓаните дека нормите во законите се конципирани согласно со одредбите на Уставот со кои се утврдени и гарантирани основните човекови слободи и права, а како што уредува член 51 од Уставот според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Несогласноста на Законот или негови одредби со Уставот, е повреда на уставниот принцип на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија, со што и од овој аспект Судот утврди несогласност на оспорените делови содржани во одредбите на членовите од Законот со одредбите на Уставот.
Од изнесените причини, Судот оцени дека член 4 став 1 точка 2) во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1) во делот „националноста” и член 13 став 1 точка 1) во делот „националноста” од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија” број 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/2020 и 129/2023), не се во согласност со одредбите од член 8 став 1 алинеи 1, 2, 3 и 11, член 18, член 25 и член 51 од Уставот на Република Северна Македонија.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
Издвоено мислење по предметот У.бр.92/2023
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.92/2023
Shkup, 28.02.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe nenit 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 paragrafi 1 alineja 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 28 shkurt 2024, miratoi
V E N D I M
1. NDËRPRITET neni 4 paragrafi 1 pika 2) në pjesën “shtetësi”, neni 11 paragrafi 1 pika 1) në pjesën “shtetësia” dhe neni 13 paragrafi 1 pika 1) në pjesën “shtetësia” të Ligjit për evidencën e amzës (Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.14/2020 dhe 129/2023).
2. SHFUQIZOHET Aktvendimi për ndërprerjen e realizimit të akteve ose veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të pjesëve kontestuese të përfshira në dispozitat e neneve të Ligjit, të përcaktuara në pikën 1 të këtij vendimi.
3. Ky vendim do të publikohet në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, me rastin e iniciativës së parashtruar të partisë politike “E Majta” nga Shkupi, me Aktvendimin U. nr. 92/2023 nga 20 dhjetori i vitit 2023, inicoi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së pjesëve të përfshira në dispozitat e neneve të Ligjit, të shënuara në pikën 1 të Vendimit, për shkak se para Gjykatës me bazë u shtrua çështja e pajtueshmërisë së tyre me dispozitat e Kushtetutës.
II
Gjykata në seancë përcaktoi se sipas nenit 4 paragrafi 1 pika 2) të Ligjit për evidencën e amzës, në librin e amzës së të lindurve regjistrohen: të dhënat për prindërit e fëmijës, përkatësisht: emri dhe mbiemri (për nënën edhe mbiemri i vajzërisë); dita, muaji, viti dhe vendi i lindjes; kombësia; shtetësia; numri i amzës; vendbanimi dhe adresa e banesës.
Gjykata gjithashtu ka përcaktuar se sipas nenit 11 paragrafi 1 pika 1) të Ligjit, në librin e amzës së të kurorëzuarve regjistrohen të dhëna për lidhjen e e martesës edhe atë: emri dhe mbiemri i bashkëshortëve; dita, muaji, viti dhe vendi i lindjes; numri i amzës; shtetësia, kombësia, vendbanimi dhe adresa e banimit të bashkëshortëve; dita, muaji, viti dhe vendi i martesës dhe deklaratat e bashkëshortëve për mbiemrin e tyre.
Gjykata gjithashtu ka përcaktuar se sipas nenit 13 paragrafi 1 pika 1) të Ligjit, në librin amzës së të vdekurve regjistrohen të dhënat për vdekjen, përkatësisht: emri dhe mbiemri i të ndjerit; mbiemri i tij para lidhjes së martesës; gjinia; ora, dita, muaji, viti dhe vendi i vdekjes; dita, muaji, viti dhe vendi i lindjes, gjendja martesore para vdekjes; shtetësia, kombësia, vendbanimi dhe adresa e banimit.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alinetë 1, 2, 3 dhe 11 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit të njohura me të drejtën ndërkombëtare dhe të përcaktuara me Kushtetutë, shprehja e lirë e përkatësisë kombëtare, sundimi i së drejtës dhe respektimi i normave të përgjithshme të pranuara të së drejtës ndërkombëtare janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Kushtetuta, me nenin 18, garanton sigurinë dhe sekretin e të dhënave personale dhe qytetarëve u garantohet mbrojtja nga cenimi i integritetit personal që rezulton nga regjistrimi i informatave rreth tyre nëpërmjet përpunimit të të dhënave. Njëkohësisht, Kushtetuta, me nenin 25, çdo qytetari i garanton respektimin dhe mbrojtjen e privatësisë së jetës së tij personale dhe familjare.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 118 të Kushtetutës, marrëveshjet ndërkombëtare që ratifikohen në përputhje me Kushtetutën janë pjesë e rendit të brendshëm juridik dhe nuk mund të ndryshohen me ligj.
Republika e Maqedonisë së Veriut është nënshkruese e disa konventave ndërkombëtare nga fusha të ndryshme, duke përfshirë një nënshkruese të konventave dhe protokolleve të tyre që rregullojnë çështjen lidhur me identitetin kombëtar të njeriut dhe qytetarit, siç është Konventa Kornizë për Mbrojtjen e Pakicave Kombëtare e miratuar nga Komiteti i Ministrave të Këshillit të Evropës më 10 nëntor 1994.
Në të njëjtën kohë, Republika e Maqedonisë së Veriut është nënshkruese e Konventës për mbrojtjen e personave nga përpunimi automatik i të dhënave, të ratifikuar me ligj të botuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” numër 7/2005 si dhe Protokolli për ndryshimin e tij të ratifikuar në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë së Veriut në qershor të vitit 2021, i cili e forcon edhe më tej mbrojtjen e të dhënave sensitive. Një tjetër dokument ndërkombëtar për mbrojtjen e personave fizikë në lidhje me përpunimin e të dhënave personale dhe lëvizjen e të dhënave të tilla është Rregulloreja e Përgjithshme për Mbrojtjen e të Dhënave ((BE) 2016/679 – General Data Protection Regulation), me zbatim nga 25 maji i vitit 2018.
Sipas nenit 3 të Konventës Kornizë të sipërpërmendur, e drejta e identitetit të pakicave kombëtare dhe anëtarëve të tyre përfshin kryesisht të drejtën e secilit që të zgjedhë t’i përkasë një pakice kombëtare dhe të trajtohet si i tillë ose jo.
Sipas Rregullativës së Përgjithshme për mbrojtjen e të dhënave personale, “të dhënat sensitive” ose të dhënat e klasifikuara si “kategoria e veçantë e të dhënave personale” janë të dhëna që zbulojnë informacione për origjinën racore ose etnike të subjektit. Sipas kësaj rregullative kombësia është e lidhur ngushtë me kategorinë e të dhënave sensitive racore dhe etnike, për rrjedhojë të dhëna të tilla klasifikohen si kategori e veçantë e të dhënave personale sepse mund të zbulojnë origjinën racore ose etnike të individit.
Në shkurt të vitit 2020, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut miratoi Ligjin për mbrojtjen e të dhënave personale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 42/2020 dhe 294/2021) me të cilin rregullohet mbrojtja e të dhënave personale dhe e drejta e privatësisë në lidhje me përpunimin e të dhënave personale.
“Përpunimi i të dhënave personale” sipas nenit 4 paragrafi 1 pika 2 të këtij ligji, përfaqëson çdo operacion ose grup operacionesh që kryhen mbi të dhënat personale, ose një grup të dhënash personale, në mënyrë automatike ose të ndryshme, si: grumbullimi, regjistrimi, organizimi, strukturimi, ruajtja, përshtatja ose ndryshimi, tërheqja, konsultimi, inspektimi, përdorimi, zbulimi me anë të transmetimit, publikimi ose vënia në dispozicion, përputhja ose kombinimi, kufizimi, fshirja ose azgjësimi.
Ligji për Mbrojtjen e të Dhënave Personale përcakton kategori të veçanta të të dhënave personale dhe sipas nenit 4 paragrafi 1 pika 13 të këtij ligji, ato janë të dhëna personale që zbulojnë origjinën racore ose etnike, pikëpamjet politike, besimet fetare ose filozofike ose anëtarësimin në organizatat sindikale, si dhe të dhëna gjenetike, të dhëna biometrike, të dhëna në lidhje me shëndetin ose të dhëna për jetën seksuale ose orientimin seksual të personit fizik.
Nga dispozitat e lartpërmendura të Ligjit për Mbrojtjen e të Dhënave Personale, si dhe nga dispozitat e akteve ndërkombëtare të lartpërmendura me të cilat ky ligj është në përputhje të plotë, rezulton padiskutim se çdo e dhënë që zbulon origjinën etnike të personit hyn në kategorinë e “të dhënave sensitive” ose të dhënave të klasifikuara si “kategoria e veçantë e të dhënave personale”, dhe si të tilla janë subjekt i masave të rrepta sigurie për mbrojtjen e personave në lidhje me përpunimin automatik të këtyre të dhënave, të cilat përfshijnë edhe të dhënat e kombësisë.
Sipas nenit 1 paragrafi 1 të Ligjit për evidencën e amzës (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014 , 148/ 2015, 27/2016 dhe 64/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 14/2020 dhe 129/2023), të dhënat personale themelore të qytetarëve mbahen në librin e amzës së të lindurve, librin e amzës së të martuarve dhe librin e amzës së të vdekurve, dhe sipas paragrafit 2 të nenit të lartëpërmendur të ligjit, librat e amzës dhe certifikatat dhe vërtetimet që lëshohen në bazë të librave të amzës, janë dokumente publike. Në bazë të nenit 1-a të ligjit, certifikata nga libri i amzës është dokument publik që lëshohet në formular të përcaktuar në bazë të të dhënave nga libri i amzës.
Në Ligjin për evidencën e amzës përcaktohen të dhënat themelore personale që duhet të regjistrohen në librin e amzës së të lindurve, në librin e amzës së të martesave dhe në librin e amzës së të vdekurve, të cilat të dhëna më tej do të përfshihen në certifikata dhe vërtetime si dokumente publike.
Përkatësisht, sipas nenit 4 paragrafi 1 pika 2) të Ligjit, të dhënat për prindërit e fëmijës shënohen në librin e amzës së të lindurve, përkatësisht: emri dhe mbiemri (për nënën edhe mbiemrin e vajzërisë); dita, muaji, viti dhe vendi i lindjes; kombësia; shtetësia; numri i amzës; vendbanimi dhe adresa e banesës.
Sipas nenit 11 paragrafi 1 pika 1) të Ligjit, të dhënat për lidhjen e martesës regjistrohen në librin e amzës së të martuarve, përkatësisht: emri dhe mbiemri i bashkëshortëve; dita, muaji, viti dhe vendi i lindjes; numri i amzës; shtetësia, kombësia, vendbanimi dhe adresa e banesës së bashkëshortëve; dita, muaji, viti dhe vendi i lidhjes së martesës dhe deklaratat e bashkëshortëve për mbiemrin e tyre.
Sipas nenit 13 paragrafi 1 pika 1) të Ligjit, të dhënat për vdekjen regjistrohen në librin e amzës së të vdekurve, përkatësisht: emri dhe mbiemri i të ndjerit; mbiemri i tij para lidhjes së martesës; gjinia; ora, dita, muaji, viti dhe vendi i vdekjes; dita, muaji, viti dhe vendi i lindjes, gjendja martesore para vdekjes; shtetësia, kombësia, vendbanimi dhe adresa e banesës.
Nga përmbajtja e nenit 4 paragrafi 1 pika 2) dhe nenit 11 paragrafi 1 pika 1) të Ligjit, rezulton se në procedurën për evidentimin e fëmijës së lindur dhe martesës së lidhur librat e amzës, prindërit e fëmijës dhe bashkëshortët duhet të deklarojnë edhe përkatësinë e tyre kombëtare.
Rrjedhimisht, nga dispozitat e lartpërmendura të Ligjit për evidencën e amzës del se të dhënat për përkatësinë kombëtare të shtetasve jepen si të dhëna bazë që shënohen në librat e amzës. Megjithatë, përkatësia e një kombësie të caktuar është një ndjenjë private dhe personale e çdo individi, dhe sipas Gjykatës, është e drejta e tij personale të vendosë nëse dhe si do të deklarojë shtetësinë e tij, por edhe e drejta për të vendosur për të mos deklaruar atë.
Në kuptimin e sa më sipër, Ligji për evidencën e amzës nuk lejon që përpunimi i këtyre të dhënave të jetë në baza vullnetare dhe në këtë mënyrë qytetarëve nuk u lihet mundësia të mos deklarojnë përkatësinë e tyre kombëtare. Njëkohësisht, sipas nenit 13 paragrafi 1 pika 1) të Ligjit, këto lloj të dhënash kërkohen edhe në procedurën e evidentimit të personit të vdekur, në masën që një person tjetër (personi që raporton vdekjen) duhet të deklarojë kombësinë së cilës i përkiste, pra me të cilën është identifikuar personi i vdekur.
Sipas Gjykatës, të dhëna të tilla si emri, mbiemri, shtetësia, adresa e banimit, dita, ora, viti (i një personi të lindur, i personave të kurorëzuar, i personit të vdekur) etj., janë të dhëna të kuptueshme relevante për qëllimet e evidencës së amzës (regjistrimi i fëmijës së lindur, martesës, personit të vdekur), megjithatë, sipas Gjykatës, të dhënat për përkatësinë kombëtare të shtetasve nuk mund të konsiderohen relevante dhe vendimtare për qëllimet e evidencës së amzës, veçanërisht jo në formë të detyrueshme. Pra, është e padiskutueshme që futja e të dhënave të përkatësisë kombëtare në regjistrat zyrtarë dhe certifikatat që lëshohen në bazë të tyre, nënkupton përpunimin e të dhënave personale me kualifikimin e të dhënave sensitive, që i përkasin një kategorie të veçantë të dhënash personale. Kjo, aq më tepër që deklarimi i përkatësisë kombëtare nuk është i detyrueshëm, por mundësi (informatë jo e detyrueshme) dhe për rrjedhojë, qytetarët janë të privuar nga e drejta dhe të mos deklarohen për përkatësinë e tyre kombëtare, gjë që sipas Gjykatës nuk është në përputhje me nenin 8 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës për shprehjen e lirë të përkatësisë kombëtare si vlerë themelore e rendit kushtetues, e cila përfshin të drejtën e personit për të shprehur, por edhe për të mos shprehur përkatësinë kombëtare.
Në të njëjtën kohë, Ligji për evidencën e amzës nuk parashikon asnjë mundësi për ndryshimin e të dhënave të kombësisë, që do të thotë se kombësia e regjistruar një herë mbetet e tillë, pa pasur mundësi që individi të ndryshojë të dhënat e kombësisë dikur të regjistruara, si e drejtë e tij personale. Kjo rrethanë, sipas Gjykatës, paraqet pengesë për vendimin e individit për të harmonizuar informatën e dhënë për kombësinë e tij me ndjenjën e tij personale të përkatësisë kombëtare, e cila si çështje e vetëperceptimit mund të ndryshojë gjithashtu. Pamundësia e ndryshimit të përcaktimit kombëtar, sipas Gjykatës, paraqet edhe shkelje të së drejtës së lirisë së vetëidentifikimit nga neni 8 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, sepse shprehja e lirë e përkatësisë kombëtare nuk përfshin vetëm të drejtën e deklarimit dhe të mos deklarimit për ndjenjën kombëtare, si ndjenjë personale e individit, por edhe të drejtën për ta ndryshuar atë. Deklarata duhet t’i lihet vullnetit të individit.
Për sa i përket përpunimit të të dhënave, neni 5 i Konventës për mbrojtjen e personave në lidhje me përpunimin automatik të të dhënave përcakton se: 1. Përpunimi i të dhënave është proporcional në lidhje me qëllimin legjitim të ndjekur dhe në të gjitha fazat e përpunimit pasqyron një ekuilibër të drejtë ndërmjet të gjitha interesave të tanguara në fjalë, publike apo private dhe të drejtave dhe lirive në fjalë. 2. Secila palë përcakton që përpunimi i të dhënave personale kryhet në bazë të pëlqimit të lirë, specifik, të informuar dhe të paqartë të subjektit të të dhënave personale ose mbi ndonjë bazë tjetër legjitime të përcaktuar me ligj. 3. Të dhënat personale që i nënshtrohen përpunimit do të përpunohen në mënyrë të ligjshme. 4. Të dhënat personale që i nënshtrohen përpunimit: a) përpunohen në mënyrë të drejtë dhe transparente; b) mblidhen për qëllime specifike, të qarta dhe të përcaktuara me ligj dhe nuk përpunohen në një mënyrë që nuk është në përputhje me ato qëllime; përpunimi i mëtejshëm për qëllime arkivimi në interes publik, qëllime kërkimore shkencore ose historike ose qëllime statistikore, konsiderohet të jetë në përputhje me qëllimet origjinale për mbledhjen e të dhënave nëse merren masat e duhura mbrojtëse; c) të jenë të përshtatshme, relevante dhe jo të tepruara në lidhje me qëllimet për të cilat janë përpunuar; d) të jenë të sakta dhe kur është e nevojshme, të përditësuara; e) të mbahen në një formë që lejon identifikimin e subjektit të të dhënave personale, jo më gjatë se sa është e nevojshme për të përmbushur qëllimet për të cilat përpunohen të dhënat.
Nga dispozita e Konventës së sipërpërmendur, rezulton qartë se është marrë parasysh qëllimi legjitim i ndjekur për nevojën e përpunimit të të dhënave, se përpunimi i të dhënave personale kryhet në bazë të kushteve të lira, specifike, të informuara dhe të padyshimta me pëlqimin e subjektit të të dhënave personale ose mbi ndonjë bazë tjetër legjitime të përcaktuar me ligj, dhe që të dhënat të mblidhen për qëllime specifike, të qarta dhe të përcaktuara ligjërisht dhe të mos përpunohen në një mënyrë që nuk është në përputhje me ato qëllime.
Në rastin konkret, arsyetimi social për një përcaktim të tillë në Ligjin për Gjendjen Civile, që të dhënat për përkatësinë kombëtare të shtetasve t’i nënshtrohen përpunimit të detyrueshëm, përveç të dhënave bazë (emri, mbiemri, numri i mazës, shtetësia. etj.), është i paqartë, pra i paqartë është qëllimi legjitim që duhet të arrihet me përpunimin e detyrueshëm të këtyre të dhënave.
Sipas Gjykatës, ky lloj justifikimi i paqartë shoqëror dhe qëllimi i paqartë legjitim që duhet të arrihet me përpunimin e detyrueshëm të të dhënave për kombësinë, prek drejtpërdrejt dhe cenon kuptimin dhe thelbin e lirisë së shprehjes së kombësisë. Komiteti Këshillëdhënës për Konventën Kornizë për Pakicat Kombëtare ka kritikuar përcaktimin e detyrueshëm të përkatësisë etnike në dokumentet personale ose në të dhënat e brendshme të mbajtura nga administrata, duke përfshirë policinë dhe autoritetet shëndetësore, si në kundërshtim me të drejtën për vetëidentifikim.
Sipas Gjykatës, fakti që sipas Ligjit për evidencën e amzës, të dhënat e regjistruara në librat e amzës, duke përfshirë të dhënat e kombësisë, janë përmbajtja e ekstrakteve zyrtare të lëshuara në bazë të librave të amzës, nuk është në përputhje me dispozitat e neni 18 të Kushtetutës, ku garantohet siguria dhe konfidencialiteti i të dhënave personale dhe qytetarëve u garantohet mbrojtja nga cenimi i integritetit personal që rrjedh nga regjistrimi i informacionit rreth tyre nëpërmjet përpunimit të të dhënave.
Po ashtu, me nenin 25 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, çdo qytetari i garantohet respektimi dhe mbrojtja e privatësisë së jetës së tij personale dhe familjare, dinjiteti dhe reputacioni. Kjo garanci kushtetuese përfshin edhe karakteristikat dhe vlerat që përcaktojnë një person, përfshirë ato që e përcaktojnë atë si anëtar të një komuniteti kombëtar.
Në kuadër të sa më sipër, neni 1 i Konventës për Mbrojtjen e personave në lidhje me përpunimin automatik të të dhënave përcakton se qëllimi i kësaj Konvente, brenda çdo shteti për çdo person, pavarësisht nga kombësia dhe vendbanimi, është të sigurojë respektimin e të drejtave dhe lirive themelore të tij, veçanërisht të drejtën e privatësisë, kur bëhet fjalë për përpunimin automatik të të dhënave personale. Në këtë kuptim, neni 9 pika 1 nënpika a) i kësaj konvente përcakton se “Çdo person fizik ka të drejtë të mos jetë lëndë e vendimit që ka një ndikim të rëndësishëm mbi të dhe që bazohet kryesisht në përpunimin e automatizuar të të dhëna pa marrë parasysh pikëpamjet e tij/saj”.
Gjykata Evropiane e të Drejtave të Njeriut në Strasburg, në vendimet e veta shprehu qëndrimin se çështjet që lidhen me identitetin kombëtar janë çështje që lidhen me të drejtën për respektimin e jetës private dhe familjare nga neni 8 (e drejta për respektimin e jetës private dhe familjare) nga Konventa Evropiane për mbrojtjen e të drejtave të njeriut dhe një vendim i tillë me qëndrim të tillë të shprehur është vërejtur edhe në rastin Tasev kundër Republikës së Maqedonisë së Veriut (Case of Tasev v. Nort Macedonia, application no. 9825/13).
Prandaj, duke pasur parasysh rregullimin në Ligjin për evidencën e amzës, për deklarimin e detyrueshëm të shtetasve për identifikimin e tyre kombëtar në procedurë pranë shërbimeve të amzës, gjatë regjistrimit të fëmijës së lindur, martesës së lidhur dhe personit të vdekur, pa mundësinë e zgjedhjes për të deklaruar ose jo, por dhe për të ndryshuar deklaratën, si dhe duke pasur parasysh se kombësia është një ndjenjë private dhe e brendshme e një personi dhe se askush nuk mund të detyrohet ta shfaqë atë ndjenjë në publik, madje për më tepër se ndjenja personale dhe e brendshme duhet t’i nënshtrohet administrimit të detyrueshëm institucional në regjistrat e shtetit, sipas Gjykatës, është e padiskutueshme që pjesët e kundërshtuara të dispozitave të ligjit të depërtojnë në sferën e privatësisë së njeriut dhe jetës personale, për cilat arsye Gjykata konstatoi kontradiktë të pjesëve kontestuese të dispozitave të ligjit me dispozitat e nenit 25 të Kushtetutës.
Republika e Maqedonisë së Veriut është nënshkruese e disa konventave ndërkombëtare nga fusha të ndryshme, duke përfshirë konventat e lartpërmendura dhe protokollet e tyre. Sipas nenit 118 të Kushtetutës, marrëveshjet ndërkombëtare që ratifikohen në përputhje me Kushtetutën janë pjesë e rendit të brendshëm juridik dhe nuk mund të ndryshohen me ligj. Konventat ndërkombëtare krijojnë standarde ndërkombëtare në mënyrë që të njihen dhe të pranohen përgjithësisht. Sipas nenit 8 paragrafi 1 alinetë 1 dhe 11 të Kushtetutës, liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit të njohura nga e drejta ndërkombëtare dhe të përcaktuara me Kushtetutë dhe respektimi i normave përgjithësisht të pranuara të së drejtës ndërkombëtare janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut. Prandaj, sipas Gjykatës, mosrespektimi i konventave ndërkombëtare është shkelje e vlerave themelore të deklaruara të rendit kushtetues.
Vlera themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, e përcaktuar në nenin 8, paragrafi 1, alineja 3 të Kushtetutës, është sundimi i së drejtës. Kjo vlerë themelore, ndër të tjera, bazohet në postulatin e rëndësisë parësore të lirive dhe të drejtave themelore të njeriut, si dhe në sigurinë juridike të qytetarëve se normat në ligje janë konceptuar në përputhje me dispozitat e Kushtetutës me të cilat përcaktohen dhe garantohen liritë dhe të drejtat themelore të njeriut, dhe siç rregullohet me nenin 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj, dhe secili është i detyruar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet. Mospërputhja e Ligjit apo dispozitave të tij me Kushtetutën është shkelje e parimit kushtetues të sundimit të së drejtës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nga ky këndvështrim Gjykata konstatoi mospërputhje të pjesëve të kontestuara që përmbajnë dispozitat e neneve të Ligjit me dispozitat e Kushtetutës.
Për arsyet e përmendura, Gjykata vlerësoi se neni 4 paragrafi 1 pika 2) në pjesën “shtetësi”, neni 11 paragrafi 1 pika 1) në pjesën “shtetësia” dhe neni 13 paragrafi 1 pika 1) në pjesën “shtetësia” të Ligjit për librin e amzës (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 dhe 64/2018 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.14/2020 dhe 129/2023), nuk janë në përputhje me dispozitat e nenit 8 paragrafi 1 alinetë 1, 2, 3 dhe 11, nenin 18, nenin 25 dhe nenin 51 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
IV
Nisur nga sa më sipër, Gjykata me shumicë votash vendosi si dispozitiv të këtij vendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska