Се укинува
-
У.бр.105/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето
-
У.бр.99/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството
-
У.бр.92/2023
СЕ УКИНУВА член 4 став 1 точка 2) во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1) во делот „националноста” и член 13 став 1 точка 1) во делот „националноста” од Законот за матичната евиденција и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа…
-
У.бр.153/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и методологијата за утврдување референтни цени на лекови, донесен од Фондот за здравстено осигурување на Република Северна Македонија
-
У.бр.39/2023
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од УБ 32 во УЕ IV и за дел од УБ 47 во УЕ IX, Општина Велес
-
У.бр.149/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун, донесен од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство
-
У.бр.158/2023-1
Уставен суд на Република Северна Македонија У.бр.158/2023 Скопје, 31.01.2024 година Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 и член 113 став…
-
У.бр.192/2023 и У.бр.193/2023
СЕ УКИНУВА член 66 ставови 3 и 4 од Законот за буџети и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 66 став 3 од Законот
-
У.бр.156/2023
СЕ УКИНУВА поглавјето „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н од Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров
-
У.бр.101/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за формата и содржината на прекршочниот платен налог, донесен од министерот за животна средина и просторно планирање
-
У.бр.146/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување
-
У.бр.152/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на плаќањето на здравствените услуги во болничката здравствена заштита, донесен од Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија