Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.57/2024
Скопје, 09.05.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 9 мај 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 16 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Старо Нагоричане („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.10/2023).
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 16 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Старо Нагоричане („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.10/2023).
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, со Решението У.бр.57/2024 од 21 февруари 2024 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот, означен во точката 1 од Одлуката, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Северна Македонија.
II
На седницата Судот утврди дека член 16 алинеја 3 е содржан во насловот 3 „ Давање иницијативи, предлози и поставување на прашања“ од оспорениот деловник и истиот предвидува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите што ги донел Советот.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Советот на Старо Нагоричане повикувајќи се на член 25 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Старо Нагоричане („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане” број 09/2004, 02/2011, 15/2014 и 06/2019), на седницата одржана на 23.09.2022 година го донел Деловникот на Советот на Општина Старо Нагоричане, објавен во „Службен гласник на Општина Старо Нагоричане” бр. 10/2023.
Деловникот на Советот на Општина Старо Нагоричане содржи дел со наслов 3 „Давање иницијативи, предлози и поставување на прашања” во кој е содржан член 16 алинеја 3 каде се уредува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите што ги донел Советот.
Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.
Во конкретниот случај, автентично толкување дава Советот на Општина Старо Нагоричане, како орган на локалната власт.
Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Имено, согласно со член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, Советот на Општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно со член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
Член 16 алинеја 3 е содржан во насловот 3 „Давање иницијативи, предлози и поставување на прашања“ од оспорениот деловник и истиот предвидува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите што ги донел Советот.
Во конкретниот случај, предмет на уредување со Деловникот на Општина Старо Нагоричане е член 16 алинеја 3 кој е содржан во насловот 3 „Давање иницијативи, предлози и поставување на прашања“, иако од Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се предвиди автентично толкување на општи акти. Со оглед на тоа дека во Деловникот на Советот на Општина Старо Нагоричане, член 16 алинеја 3 предвидува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите што ги донел Советот, со тоа што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, Судот оцени дека се незаконити, а со тоа и спротивни на принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот според кој во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, ниту пак е во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Од горенаведеното произлегува дека станува збор за прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите. Од уставно-судската анализа произлегува дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување и ваков правен институт не може да биде уреден со деловник или статут.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut U.nr.57/2024
Shkup, 09.05.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të neneve 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 maj 2024, miratoi
V E N D I M
1. SHFUQIZOHET neni 16 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Nagoriçit të Vjetër (“Gazeta Zyrtare e Komunës Nagoriç i Vjetër“ nr.10/2023).
2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e zbatimit të akteve individuale apo veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të nenit 16 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës Nagoriç i Vjetër (“Gazeta Zyrtare e Komunës Nagoriç i Vjetër“ nr.10/2023).
3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetiniciativë me Aktvendimin U.nr. 57/2024 të 21 shkurtit 2024 inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së aktit të shënuar në pikën 1 të Vendimit, pasi para Gjykatës me bazë mu shtrua çështja për harmonizimin me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se neni 16 alineja 3, gjendet në titullin 3 “Dhënia e iniciativave, propozimeve dhe parashtrimi i pyetjeve” të rregullores së kontestuar të procedurës dhe parashikon se anëtari i Këshillit ka të drejtë që në mbledhjet e Këshillit të parashtrojë kërkesë për interpretim autentik të rregullave të miratuara nga Këshilli.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i detyruar ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 110 paragrafit 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Këshilli i Nagoriçit të Vjetër, referuar nenit 25 paragrafit 1 pikës 2 të Statutit të Komunës së Nagoriçit të Vjetër (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Nagoriçit të Vjetër” numër 09/2004, 02/2011, 15/2014 dhe 06/2019), në mbledhjen e mbajtur më 23.09.2022 miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Nagoriçit të Vjetër, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Nagoriçit të Vjetër” nr. 10/2023.
Rregullorja e Këshillit të Komunës së Nagoriçit të Vjetër përmban një pjesë me titull 3 “Dhënia e iniciativave, propozimeve dhe parashtrimi i pyetjeve” ku është përfshirë neni 16 alineja 3 ku rregullohet që një anëtar i Këshillit ka të drejtë që në mbledhjet e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretimin autentik të rregullave të miratuara nga Këshilli.
Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi, në pajtim me nenin 68, paragrafin 1, alinenë 2 të Kushtetutës, miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.
Në rastin konkret, interpretimin autentik e jep Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër, si organ i pushtetit lokal.
Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk përmban një dispozitë të shprehur se këshillat e komunave mund të japin interpretim autentik të rregullave që i miratojnë. Konkretisht, në pajtim me nenin 36 paragrafin 1 pikën 1 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale, Këshilli i Komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat e tjera, dhe në pajtim me nenin 62 paragrafin 1 të Ligjit, në kryerjen e punëve në kompetencë të tij, këshilli miraton rregulla edhe atë: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se ligji nuk përmban dispozitë të qartë se këshillat e komunave mund të japin interpretim autentik të rregullave që ata i miratojnë.
Neni 16 alineja 3 gjendet në titullin 3 “Dhënia e iniciativave, propozimeve dhe parashtrimi i pyetjeve” të rregullores së kontestuar të procedurës dhe parashikon se anëtari i Këshillit ka të drejtë që në mbledhjet e Këshillit të parashtrojë kërkesë për interpretim autentik të rregullave të miratuara nga Këshilli.
Në rastin konkret, objekt i rregullimit me Rregulloren e Komunës së Nagoriçit të Vjetër është neni 16 alineja 3 që gjendet në titullin 3 “Dhënia e iniciativave, propozimeve dhe pyetjeve”, edhe pse nga Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk rrjedh autorizimi i këshillit të komunës për të dhënë interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk i referohet mundësisë së dhënies së një interpretimi autentik të akteve të përgjithshme në një akt tjetër (statut apo rregullore të komunës). Duke e marrë parasysh se në Rregulloren e Këshillit të Komunës së Nagoriçit të Vjetër, neni 16, alineja 3, parasheh se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për të dhënë interpretim autentik të rregullave të miratuara nga Këshilli, me atë që Këshilli i Komunës i ka shkelur, gjegjësisht i ka tejkaluar kompetencat e tij të parapara me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale, Gjykata vlerësoi se ato janë të kundërligjshme, ndërsa me atë edhe në kundërshtim me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe neni 51 i Kushtetutës sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, dhe secili është i obliguar ta respektojë Kushtetutën dhe ligjin, as nuk është atë në pajtim me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
Nga sa më sipër rezulton se bëhet fjalë për çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e qeverisjes lokale ta zbatojnë atë, siç parashikohet që ligjvënësi si organ i qeverisjes shtetërore, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve. Nga analiza kushtetuese-gjyqësore rezulton se organet e qeverisjes lokale nuk kanë bazë ligjore për të dhënë një interpretim autentik dhe një institucion i tillë juridik nuk mund të rregullohet me rregullore apo statut.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska