Admin
-

The Constitutional Court of the Republic of North Macedonia Assumes the Chairmanship of the Balkan Constitutional Courts Forum – Kostadinovski to Represent the Forum at International and Regional Events
As of today, the Constitutional Court of the Republic of North Macedonia will assume the presidency of the Balkan Constitutional Courts Forum (BCCF) for the forthcoming year and will host the 4th Forum, to be held in the country on 12 and 13 November 2026. President Dr Darko Kostadinovski formally assumed the chairmanship at the…
-

Уставниот суд на Република Северна Македонија го презема претседавањето со Балканскиот форум на уставни судови-Костадиновски ќе го претставува форумот на меѓународни и регионални настани
Уставниот суд на Република Северна Македонија од денеска, во наредната година ќе претседава со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и ќе биде домаќин на 4. Форум кој ќе се одржи во земјава, на 12 и 13 ноември 2026 година. Претседателот д-р Дарко Костадиновски и официјално го презеде претседателството на 3. Годишен состанок на Балканскиот…
-

Говор на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови во Република Туркије
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска се обрати на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови на темата „Стандардизација на човековите права и улогата на уставната правда”. Во прилог целосното обраќање: Почитуван претседател на Уставниот суд на Република Туркије, Драг брате Кадир, Почитувани колеги и пријатели, Ми претставува чест и задоволство да…
-
(НАЈАВА) Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот Костадиновски ќе присуствува на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови во Република Туркије
Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, во периодот од 13-16 ноември ќе учествува на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови. Согласно Агендата претседателот Костадиновски ќе има свое обраќање на темата „Стандардизација на човековите права и улогата на уставната правда”. Во рамки на настанот предвидено е да се одржи…
-

Дневен ред за 24. седница закажана за 19 ноември во 9:30 часот
На 19 ноември во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 24. седница со Дневен ред на кој е предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост. 1. Реферат У.бр.235/2024 Оспорен акт: Член 256 став 1 алинеја 4 од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2012,…
-
Соопштение по одржаната 23. седница на Уставниот суд
Уставниот суд на 12 ноември ја одржа 23. седница со Дневен ред на кој се дискутираше по пет предмети по претходно поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за заштита на слободите и правата. I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.55/2023 Оспорен: Член 28 став 1 точка 2…
-

Интервју на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски за Топ Тема на Телма
Во интервју за емисијата Топ Тема, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски зборуваше за низа актуелни прашања, меѓу кои е предметот со измените на Кривичниот законик, извештајот на Европската унија за владеењето на правото, состојбата со судиските плати, предметите поврзани со изборите, постапката за избор на судија во Европскиот суд за човекови права. Костадиновски…
-

Претседателот д-р Костадиновски и судии на Уставниот суд учествуваа на Mеѓународна научна конференција на Правниот Факултет “Јустинијан Први”
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Осман Кадриу, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева и м-р Фатмир Скендер, учествуваа на Специјалниот панел во рамките на Годишната меѓународна научна конференција „Предизвици на правните системи“. Настанот беше организиран на 7 ноември по повод одбележувањето на 74 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ –…
-

Организирана тркалезна маса во Уставниот суд: „Имплементација на Актот на Уставниот суд – постапка за заштита на човековите права и основните слободи“
Во Уставниот суд се одржа третата тркалезна маса во рамки на активностите за јакнење на владеењето на правото. Настанот беше организиран од Уставниот суд, во соработка со Делегацијата на Европската Унија преку проектот ИПА 3 и со поддршка и експертски совет од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на настанот беше да се поттикне експертска…
-
Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот Костадиновски ќе учествува на VI Конгрес на Светската Конференција за уставна правда во Мадрид
Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева ќе учествува на VI Конгрес на Светската Конференција за уставна правда (WCCJ) кој ќе се одржи во Мадрид, Шпанија во периодот од 28-31 октомври 2025 година. Претседателот ќе земе учество на Состанокот на Бирото на WCCJ кој ќе се…