Admin
-

Уставниот суд ја продолжува соработката со ИРЗ: Организирана работилница за зајакнување на капацитетите на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во соработка со германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), организира дводневна работилница за советниците на Судот кои работат по предмети. Во фокус е темата за уставната жалба и судската пракса за заштита на човековите права. Работилницата со воведни обраќања, денеска ја отворија генералниот секретар на Уставниот суд, м-р…
-

Дневен ред за 19. седница закажана за 17 септември 2025 година
На 17 септември 2025 година во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 19. Седница на која е предвидено да се дискутира по осум иницијативи за оценување на уставност и законотост и едно барање за преиспитување на решение на Уставниот суд. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.133/2024 Оспорен: Член 17 од Законот…
-
Соопштение по одржаната 18. седница на Уставниот суд
Уставниот суд на 10 септември 2025 година ја одржа 18. седница и ги донесе следните решенија: I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.177/2020 Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 81 став 7 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр.106/2007, 88/2010, 36/2011,…
-

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски упатува честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста- 8 Септември!
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, по повод Денот на независноста, во свое лично име и во име на Судот, упатува искрени честитки до сите граѓани: Почитувани сограѓани, Вековниот стремеж за самостојна, независна, суверена и демократска Македонија стана стварност на 8 септември 1991 година. Граѓаните на тој ден запишаа историја!…
-
Јавен оглас за избор на кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права
Врз основа на Одлуката за основање на Комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права бр. 50-7242/5 од 22 јули 2025 година (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.150/25), а во врска со член 22 од Протоколот број 11 кон Конвенцијата за заштита на правата на…
-

Претставници на Венецијанската комисија во посета на Уставниот суд
Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, оствари средба со претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, и судијката проф. д-р Ана Павловска Данева. На средбата беше изразено заемно задоволство од високото ниво на соработка и од континуираниот дијалог за прашања од областа на уставното судство и владеењето на правото. Членовите на Венецијанската…
-

Дневен ред за 18. седница на Уставниот суд закажана за 10 септември 2025 година во 9:30 часот
На 10 септември (среда) 2025 година во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 18. седница со Дневен ред на кој е предвидено да се дискутира за десет иницијативи во кои е оспорена уставност или законитост. I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.177/2020 Оспорен: Член 81 став 7 од Законот за…
-
Одговор на Уставниот суд за медиумите во врска со предметот во кој е поведена постапка за законските измени на Кривичниот законик
По повеќе новинарски прашања поврзани со предметите У.бр. 162/2023 и У.бр.163/2023, во кои е поведена постапка за оценување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, а за кои Уставниот суд одреди рок од 6 месеци за Собранието да се усогласи со ставовите на Судот изнесени во Решението, информираме дека: Претседателот на Уставниот суд,…
-
Оформени 26 нови предмети во Уставниот суд во текот на месец јули 2025 година
Уставниот суд во текот на месец јули 2025 година оформи 26 нови предмети. Оформени се десет предмети во кои се бара оценување на уставност на закони и подзаконски акти, дванаесет предмети се формирани по поднесување на иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи, формирани се четири предмети за заштита на слободите и правата…
-

Честитка по повод Денот на Републиката, 2 август Илинден, од претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски
Почитувани граѓани, Денес, 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, со воодушевеност си припомнуваме за епохалните победи и незаборавените жртви на нашите илинденци, на создателите на нашата Република. Илинден е вечна инспирација за современа и праведна држава, симбол на визионерство и непокор, но и потсетник за должноста којашто ја…
-
Соопштение по одржаната 17 седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 17 седница со Дневен ред на кој се одлучуваше за две Нацрт-решенија: 1. У.бр.238/2024 Судот одлучи да ја запре постапката за оценување на уставноста на член 3 став 1 од Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за усвојување на ценовник за собирање и транспорт на отпад на територија на…