-
УЗ.бр.34/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за доделување на еднократна финансиска помош на Здружението Карпино, бр.08-9/171 од 30.04.2025 („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.8/2025 од 05.05.2025 година)
-
У.бр.41/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 32 став 2 во деловите „може” и „одлуките” од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 129/2023 и 53/2024)
-
УЗ.бр.73/2025
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста и законитоста на членовите 11, 12 и 18 од Деловникот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, донесен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на 30.01.2024 година, број 0101-1/1.
-
УЗ.бр.72/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за контрола на квалитетот на работењето на субјектите на контрола на квалитет бр.0202-362/1 од 10.10.2024 година, донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.
-
У.бр.117/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 147 и член 148 ставови 2 и 4 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија
-
У.бр.77/2025
СЕ УКИНУВА член 84 став 3 алинеја 4 од Законот за вработените во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 53/2024)
-
У.бр.36/2025
СЕ УКИНУВА член 7 став 2 од Законот за изменување на Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 187/2024)
-
У.бр.153/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 99-а став 3 во деловите „се одзема”, „одземање” и „точки 1 и 3”, став 4 во деловите „одзема” и „одземање”, став 5 во деловите „ одзема” „одземање” и „3-а”, став 9 во деловите „одзема сообраќајна дозвола” и „забрана за движење” и став 10…
-
У.бр.45/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 86 став 1 реченица прва од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020 и 154/2023).
-
У.бр.156/2025
СЕ УКИНУВА член 18 став 5 во делот „во согласност со закон“ од Законот за вештачење (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023).
-
УЗ.бр.28/2025 и УЗ.бр.30/2025
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт Ј 02 – опфат помеѓу Жданец и Нерези, локалитет А, Б и В, Општина Карпош-Скопје бр.09-2483/18 од 13.03.2025 година, донесена од Советот на Општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош” бр.3 од 14 март 2025 година).
-
УЗ.бр.83/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Деловникот на Советот на Општина Јегуновце, бр.08-127/3 од 30.06.1997 година („Службен гласник на Општина Јегуновце“ бр.5-6 од 05.09.1997 година).